Кафе муабет

Игнорирање – мајка на сите одмазди!

Со игнорирањето добивате многу повеќе отколку што мислите.

Кога се нападнати, особено од блиски личности, повеќето личности тежнеат кон повлекување и изолација. Тие и тоа сакаат – да се изолирате и да се повлечете, како вие да сте виновни. Една стара изрека вели: Ако луѓето се обидуваат да ве турнат, тоа само значи дека сте над нив.

Во денешно време, кога сите тежнеат кон успех, слава и моќ, моралот и правдата полека исчезнуваат, фер-играта станува апстрактна именка, а газење преку сите за да се дојде до целта, потреба. Суетата е дел од сечиј работен ден, зависта и љубомората на многумина им се испишани на челото… Неправдата поминува неказната, а оние кои се чесни и добри не знаат што да прават.

Доколку и вие се пронаоѓате во сето ова, тогаш мора да знаете едно – игнорирањето е мајка на сите одмазди!

Кога е игнориран, човек се прашува зошто и тоа не му дава мира. Ќе се прашува што мислите во тој момент, кој ќе биде вашиот следен чекор, зошто сте го направиле ова или она… Поради тоа, на крајот целосно ќе се изгубат и ќе бидат оставени сами на себе.

Не возвраќајте уште веднаш на нападот. Пуштете ги работите одредено време да мируваат. Кога ќе се изнервирате, во бесот ги откривате своите слабости и така ги храните оние кои тоа и го посакуваат. Најлошо што можете да направите е да возвратите со иста мера.

Во тој случај не сте ништо подобри од оној кој ви прави зло, зашто злото со зло не може да се исправи.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close