Новости
ПО ГЛАСИНИТЕ ЗА PAЗВОД КОНЕЧНО ВИДЕНИ ЗАЕДНО: Актерите среќни како никогаш до сега- ексклузивно интервју под маски!
Актерите ги разрешија дилемите околу гласините за paзвод
Иако пред извесно време во медиумите на големо се пишуваше за нив, дека бракот им е пред paспад, сепак двојката изгледа ги надмина несограсувањата или пак се работеше за дезинформации.
Сепак еден од најпопуларните турски парови реши да стави крај на гласините, и по долго време пред три дена Бергузар Корел и Халит Ергенч, се појавија заедно во јавноста па дури дадоа и интервју за турските новинари.
Прво, камерата на „Magazine Linea“ ја фати актерката, која кај нас се прослави по улогата на Шехерзад од серијата „1001 ноќ“, додека го чекаше нејзиниот сопруг, кој пак на нашите простори се прослави по улогата на Сулејман Величествениот, а наскоро и се придружи и Халит.
Судејќи според насмевките на славната двојка, кои се забележуваат и покрај заштитните маски што ги носат во согласност со епидемиолошките мерки, се чини дека гласините од пред неколку месеци за наводни брачни проблеми биле дезинформации.
Според турската ТВ 100, во ова ексклузивно интервју, актерите раскажале и како го поминуваат своето време за време на пандемијата. Откриле дека го поминуваат времето заедно одејќи низ шума.
Халит потврди дека нивниот брак е среќен и дека во моментот најмногу се грижат за тоа како да се заштитат од вирусот Корона. Тој исто така рече дека читал нови сценарија за серијата „Вабил“ во која глуми, потенцирајќи дека внимава и се придржува до сите мерки против Ковид, додека Бергузар имал подготовки за една театарска претстава „Девојки и момчиња“. Но, таа рече дека не сака да оди на снимање за време на пандемијата.
Актерката која го роди својот втор син Хан во март годинава, исто така откри дека нејзиниот постар син Али многу помага во грижата за неговиот помлад брат.
Таа во една прилика рече дека сопругот е тој кој и помага околу децата, и дека и е најголема поддршка.
„Халит секогаш ми помага во сé. Не се сеќавам дека некогаш сум се чувствувала осамено во смисла дека сама морам да го воспитувам и одгледувам Али, за време на сите овие години“ – гордо изјави Бергузар непосредно пред второто породување. Тоа што е опкружена со тројца мажи не само што воопшто не ја плаши, туку напротив, максимално ужива со нив.
„Фактот дека во куќата имате тројца мажи и дека сите тие ќе ме сакаат прави да се чувствувам уште поубаво, и воопшто тоа не ме плаши, туку напротив ме радува многу“, заклучи тогаш актерката.
Пред една недела актерката излезе од изолација
Актерката Бергузар Корел на социјалните мрежи објави дека излегува од изолација. Таа се пофали и со новогодишната елка, а преубавите фотографии што ги објави ги воодушевија нејзините бројни фанови.
Во последната објава со хаштагот „Нема повеќе Корона“, и со детали дека поминал периодот на изолација таа ги повика своите фанови да бидат хумани за време на новогодишните празници.
„Ги раширивме рацете, ја чекаме 2021. Нека ни донесе здравје, духовен мир, слобода“, напиша актерката.
Покрај елката, обожавателите го забележаа и пофалија и изгледот на шармантната домаќинка, а тоа можеме да го видиме и од бројните комплименти и ласкави коментари што ги добива под секоја своја фотографија.