Градинка
Еве зошто одлучив моите деца да си легнуваат во 19 часот
Строгиот режим на спиење кај една мајка донесе корист за целото семејство.
Една мајка на две деца раскажува зошто верува дека легнувањето во одредено време носи бенефиции за целото семејство.
Пред да добијам деца, бев утрински тип. Сакав да се будам рано, да уживам во шолја кафе додека читам. Тоа беше ритуал за опуштање кој ме полнеше со енергија и тогаш се чувствувал одлично. Откако се роди нашето прво дете, брзо сфатив дека сум тип од „средина на утрото“, затоа што будењето на бебето во 5 и 30 ме убиваше.
Се борев со тоа да ја засакам својата нова утринска рутина, а понекогаш многу се плашев. По неколку месеци таков напорен режим, знаев дека мора да променам нешто.
Слушав бројни совети за спиење од другите мајки и читав многу статии за тоа како да го успијам детето. Па, одлучив да испробам некои од нив.
Како прво, почнавме да ги легнуваме децата во 19 часот. Она што се случи ме изненади. Всушност, спиеја многу подолго отколку претходно. Освен тоа, ние како родители почувствувавме малку слобода. Можевме да поминеме одредено време сами, пред исцрпени да се фрлиме во кревет.
Тоа беше она што му требаше на моето семејство, а фиксниот распоред на спиење ни помогна да создадеме граници во кои сите се чувствувавме подобро.
Второ што се случи е тоа што го добив своето утро назад. Нашите деца си легнуваа во 19 часот и се будеа во 7 часот наутро. Мајчинството само по себе е прекрасно и возбудливо, но истовремено исцрпува емотивно и физички. Ми недостигаше време наутро за себе, а сега кога го добив назад за себе, имав повеќе енергија и трпение преку целиот ден, кои ми беа потребни за да се занимавам со своите две мали деца.
Знаев дека тоа е начинот на кој ги штитам моите нерви, здравиот разум и времето за себе!