Кафе муабет
Еве како правилно да ги перете фармерките
Совети кои ќе ви помогнат фармерките да ви траат подолго.
Секоја жена во својот плакар има барем еден пар фармерки, а за да ги сочувате од отстранување на боите, потребно е да ги перете правилно. Експертите тврдат дека фармерките не треба да се перат често.
Генералното правило гласи: што помалку ги перете фармерките, тоа подобро. Ако ги перете често, тие брзо ќе избледат.
Експертите советуваат ова парче облека да го перете еднаш месечно на краток циклус, во ладна вода, а да ги суште на воздух. Задолжително свртете ги наопаку.
Најважно е фармерките да не ги перете често, затоа што само така ќе го сочувате нивниот сјај. Меѓутоа, секако дека ова правило има исклучок, кога е топло и кога повеќе се потите. Кога ќе ги ставите во машина, без разлика дали се стари или нови, секогаш свртувајте ги наопаку. На тој начин ќе ја сочувате бојата која најмногу се забележува на рабовите и џебовите.
Исто така важно е да ги закопчете копчињата со цел да го задржат својот облик во текот на перењето. Не ставајте ги во полна машина за перење. За нивно перење користете посебен детергент за сочувување на боите. Таквите детергенти содржат состојки кои го деактивираат хлорот во водата и спречуваат да избледи бојата.
Запаметете, никогаш не ги ставајте во преполна машина за перење!