Кафе муабет
Емотивна, креативна, сака со целото свое срце – жената Риби едноставно е незаменлива!
Личностите родени во овој хороскопски знак многу фантазираат.
Жената Риби умее да сака со целото свое срце, а врската со неа е едно прекрасно искуство, полно со емоции, страст и соништа. Нејзиниот партнер прво мора да ѝ стане добар пријател, а потоа љубовник. Само така може да ја задржи покрај себе.
Само со личноста која го отвора своето срце, оваа жена може да создаде емоционална, ментална и духовна врска. Таа не прифаќа помалку.
Не постои друг хороскопски знак кој повеќе сочувствува со другите, како што умеат Рибите, а љубовниот однос со нив не е ни сличен со некој друг што порано сте го искусиле. Повеќето Риби целиот свој живот го поминуваат во фантазија и сонување. Пред се’, претставниците на овој хороскопски знак сонуваат за создавање духовна врска, врска која не е опишана ниту во романи ниту во филмови.
Зависноста од фантазирање понекогаш може да ги уништи нивните односи, затоа што кога Рибите ќе се заљубат во некој, од него почнуваат да создаваат идеална личност. Нивната љубов е под постојан притисок, затоа што мора да биде „совршена“ – баш исто како што си замислиле (а тоа, секако, е невозможно!)
Ќе ви биде потребен многу труд за жената во овој хороскопски знак да се разочара. Но, кога ќе се случи тоа, знајте дека секогаш заминала од вашиот живот!