Градинка
Добрата страна на технологијата: Апликации за деца кои ја поттикнуваат креативноста
Погледнете за кои апликации се работи.
Многу апликации имаат одлична мисија – да ја развијат креативноста кај децата и да ги поттикнат да создаваат нешто. Во продолжение ви прикажуваме неколку такви апликации.
Brain Games Kids
За да се влезе во светот на креативното размислување, треба да се почне од едноставни апликации, а за тоа е создадена Brain Games Kids. Таа нуди 12 различни игри, од сложувалки, мозгалици, барање одреден предмет, судоку, па се’ до игри на меморија. Иако е на англиски јази, самото познавање на странски јазик не е нужно за искористување на апликацијата.
Toontastic
Ако вашето дете почнало да учи англиски јази, а воедно му оди од рака раскажувањето приказни, се’ тоа е соединето во оваа апликација. Тука детето може да измислува цела приказна која може да се темели на некоја прочитана лектира или книга по сопствен избор. Може да креира свои ликови, да го снима својот глас…
Magic Piano
За оние кои се склони кон музиката, а кои немаат свој клавир, одлична е апликацијата Magic Piano во која детето може да запознае различни тоналитети и сето тоа преку игра. Потребно е да одбере одредена песна и само да ја следи светлината која ќе го води кон правилно свирење на нотите. Може да се контролира темпото и ритамот, како и да се одбере помеѓу неколку нивоа на сложеност, различни жанрови и инструменти.