Кафе муабет
Дневен хороскоп за 29 октомври: Кој го чекаат нервози, а кој ќе биде вреден?
Еве што ви носи денешниов ден според вашиот хороскопски знак.
Пронајдете го својот хороскопски знак и во кратки црти дознајте што ви предвидуваат ѕвездите.
Овен
Променете го мислењето за личностите околу вас, понекогаш претерувате со идеализирањето. Во врската или бракот ќе сакате да промените нешто, но сепак, размислете добро и почнете прво од себе и своите навики.
Бик
Ако работите работа поврзана со недвижнини, сигурно ќе бидете успешни во тоа. Како и секогаш, соработувајте се со Раковите затоа што тие ви се идеални за оваа работа. На љубовно поле обидете се да бидете на дистанца, за да го смирите партнерот и неговата нервоза.
Близнаци
Ќе сакате на лесен начин да дојдете до пари. Иако имате тенденција за тоа, денес нема да е тој ден. На љубовно поле денот ќе го поминете повеќе во телефонска комуникација со вашиот партнер.
Рак
Вие важите за добар човек и честопати другите ве викаат за да им носете среќа. Денес ќе им помагате на оние на кои им треба помош. Што се однесува до љубовта, партнерот ја сака вашата пожртвуваност, но не е во можност да биде ист или барем сличен на вас.
Лав
Не обидувајте се да побегнете од себе и од различните обврски кои ве притискаат. Имате се’ на располагање. На љубовно поле ќе бидете личност која сјае и која вложува во љубовта. Партнерот ќе биде горд на вас.
Девица
Можеби ќе сакате некои обврски да им ги препуштите на другите кои работат со вас. Тоа не е во ред, зашто кога-тогаш ќе мора да го завршите своето. На љубовно поле нема да бидете целосно отворени кон саканата личност и тоа може да води до дополнителни проблеми.
Вага
Обрнете внимание на соработниците. Можеби некој од странство ќе затропа на вашата врата, но вие нема да го слушнете! Што се однесува до љубовта, емоциите се тука, присутни, но блокирани се и длабоко потиснати…
Скорпија
Самите ќе се борите против сите, но и против себе. Тоа нема да ви донесе ништо добро. Попуштете малку. Што се однесува до љубовта, честопати ги ставате материјалните вредности пред сите други. Партнерот има чувство дека се губи во материјализмот со кој сте опседнати.
Стрелец
Денес ќе имате потреба да се докажувате и тоа ќе сакате сите да го видат и да го слушнат. На љубовно поле ќе ве опседнат внатрешни стравови. Пријателите и партнерите ќе сакаат барем за кратко да побегнат од вас.
Јарец
Сакате се’ сами да завршите, а имате премногу обврски. Најдобро е да си направите некој распоред. На љубовно поле внимавајте, зашто не сте подготвени за промени. Мора да се занимавате повеќе со вашиот љубовен живот.
Водолија
Сакате да доминирате и тоа е навистина убаво, но е големо оптеретување. Затоа, кога можете тргнете се малку на страна. На љубовно поле, партнерот со кој живеете не е задоволен од вашето однесување. Честопати сте склони кон хистерија.
Риби
Во суштина, вие сте многу вредна личност, но вашата внатрешна природа не ви дозволува да се истакнувате премногу, освен ако не сте некој огнен подзнак. Што се однесува до љубовта, ќе имате убав ден, а можно е некое познанство преку ваши пријатели.