Кафе муабет

Девица, Близнаци, Стрелец – до 22 јуни љубовта ќе биде на ваша страна

Венера - планетата на љубовта и убавината, носи убави вести за овие хороскопски знаци.

Венера во знакот Близнаци ќе ги подобри љубовните односи за три хороскопски знаци: Близнаци, Девица и Стрелец. За нив како да се отвори целосно нов свет и овие личности ќе може да уживаат во динамичната енергија која ќе им ја подобри комуникацијата.

За овие хороскопски знаци ѕвездите спремиле доза љубов која ќе ги поттикне да зборуваат со луѓето, да се грижат и да сакаат.

Близнаци

Си почетокот на втората недела од мај, ќе чувствувате нова позитивна енергија, ќе се чувствувате комплетни и самоуверени, особено кога е во прашање љубовта. Имавте некои лоши љубовни искуства и тоа ве исплаши толку што мислевте да се откажете од љубовта, но сепак, ви се враќа надежта. Во текот на овој период ќе отворите очи за нешто што можеби порано никогаш не сте го забележувале, во љубовта, но и генерално во животот.

Постои некој кој чека да го забележите, а таа личност е некоја со која сте блиски, но сте се оддалечиле поради сопствениот страв. Направете си услуга – обидете се повторно да сакате. Не плашете се, зашто овој пат љубовта е на ваша страна.

Девица

Она што моментално го гледате, драги Девици, е прилика повторно да ја поврнете својата моќ и да се вратите на местото каде се почитувате себеси. Во љубовта ви треба самопочит и да се ослободите од старите навики за давање премногу на оние кои ви враќаат премалку.

Правецот во кој ќе се движите е оној од кој можете да го извлечете само најдоброто. Можна е средба со личност која е на ваше ниво, а тоа значи некој кој се почитува себеси и кој исто толку ќе ве почитува и вас.

Стрелец

Истражувањето на своите вистински чувства никогаш не бил проблем кај вас. Вие сте харизматични и можете да ги убедите другите на што било. Но, можете ли да го отворите своето срце за љубов? Овој месец ќе ви даде нова перспектива. Ќе имате добри резултати ако знаете да ја контолирате своајта природа.

Внимавајте на своите зборови, не мора секогаш да бидете шеф на се’, а и самата љубов сака место во вашиот живот, па дозволете тоа и да се случи. Престанете да ги осудувате сите околу себе и дајте им на одредени личност доверба и можност, за и вие да можете да бидете целосно сакани.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close