Градинка
Предупредување за мајките – еве зошто децата помали од 4 години не треба да јадат пуканки
Педијатрите предупредуваат на опасност од гушење.
Пуканките се омилени кај многу деца и возрасни, а нивната крцкава текстура и одличен вкус ги прават совршени за секоја пригода.
Иако овој меѓуоброк изгледа безопасно, сепак, експертите предупредуваат дека може да биде опасен за деца помали од 4 години.
Иако многу родители се свесни за опасноста од гушење со работи како батерии или мали играчки, вообичаените опасности кои најчесто се поврзани со храната на многу родители им се се’ уште непознати.
Една мајка на три деца во 2019 година ја споделила својата приказна за тоа како нејзиниот двегодишен син завршил во болница откако заедно со неговите родители јадел пуканки.
Детето кашлало и имало температура. По прегледот, лекарите утврдиле дека има вдишано пуканка која предизвикала воспаление. Лекарите го отстраниле парчето и за среќа приказната имала среќен крај.
Меѓутоа, мајката се појавила во јавноста и ги предупредила другите родители дека оваа вкусна грицкалка може да биде опасна.
Според експертите, децата помали од 4 години имаат поголем ризик од гушење. Дури на возраст од 4 години децата во целост може да ја соџвакаат храната.
Мајки чии деца заспиваат порано се посреќни
Прочитајте уште еден совет кој би можел да ви биде корисен доколку сте мајка.
Според научниците доколку вашите деца заспиваат во 20:00, тогаш треба да бидете среќни. Покрај препораката на лекарите и експертите дека децата треба да си легнуваат порано бидејќи на тој начин ќе бидат здрави и среќни, тоа во исто време ќе им користи и на нивните родители.
Имено, истражувањето спроведено во Австралија меѓу илјадници деца има за цел да открие врска помеѓу менталното здравје и навиките за спиење.
Па така се покажа дека децата кои си легнуваат до 20:30 часот имаат поголем квалитет на живот, исто како и нивните родители.
Причината за ова лежи во фактот што родителите на тој начин остануваат неколку часа за да се релаксираат со партнерот, вечерата или паузата пред телевизорот.
Според експертите, ако вашите деца не одат рано на спиење, тогаш најдобро е полека да ги прилагодите на оваа рутина.
Најпрво обидете се да ги ставите на спиење 15 минути порано.
По неколку недели, тие ќе се навикнат на новата рутина, а потоа и вие ќе ги откриете вистинските придобивки од тоа, како за себе, така и за вашето дете.