Градинка

На децата кои предолго време гледаат во телефонот им се менува структурата на мозокот

Прошетка во парк понекогаш и не е толку лоша идеја.

Во последно време почнуваме сѐ почесто да гледаме дека е потполно нормално родителите да поставуваат екран пред своите деца за време на оброкот.

Со оглед дека нашите паметни телефони и таблети можат да репродуцираат видео клипови и на нив да можат да се играат видео игри, тоа се чини како совршен начин да ги задржиме децата тивка и анимирани. Сепак, една неодамнешна студија покажа дека ова можеби и не е најпаметна работа.

Во оваа студија, која е финансирана од страна на Националниот институт за здравство (пренесува „Bloomberg“) откриено е дека премногу време поминато покрај екранот може физички да ја измени структурата на мозокот кај децата. Студијата покажа во првата серија на скенирање на мозокот со 4.500 деца на возраст од околу 9-10 години кои имаат поминато повеќе од седум часа на ден пред екранот, предвремено чистење на кортексот на мозокот, што е прв слој кој помага во обработка на информации од физичкиот свет.

Ова звучи како нешто што е навистина многу лошо, но директорката на студијата Гаја Даулинг предупреди да не се извлекуваат предвремени заклучоци од овие наоди. Говорејќи за време на емитувањето на CBS’s-овите 60 минути, Даулинг рече: „Не знаеме точно дали ова е предизвикано од преголемото време поминато пред екраните. Не знаеме дали е тоа лошо. Нема да знаеме се додека не ги следиме на одреден период, со цел да видиме дали има последици поврзани со разликите што ги гледаме во оваа поединечна слика. ”

Како што веќе рековме, оваа студија е во тек и се очекува научниците да ги следат своите субјекти повеќе од една деценија за навистина да се добие увид во тоа како начинот на користење на дигиталните уреди може да влијае на нивниот мозок, емоционалниот развој и менталното здравје. Но имајќи го ова на ум, претпоставуваме дека замената на паметните телефони / таблети со некоја играчка, книга или прошетка во парк понекогаш и не е толку лоша идеја.

Препораки

Close
Close