Кафе муабет

Човек најмногу се разочарува кога од другите го очекува она што и самиот тој е подготвен да го даде

Кога се рушат очекувањата, многу гледишта се променуваат...

Човек најмногу се разочарува кога од другите го очекува она што и самиот е подготвен да го даде. Очекува од другите да му ја кажат вистината, како што тој редовно им ја зборува вистината за себе, за да нема една приказна пред нив, а пред некој друг сосема друга приказна.

А тогаш, на крајот се разочарува, зашто гледа дека давал некому кому не требало, давал на некој кој само го искорисутвал. И тогаш сфаќа дека добрината зад себе бара мудрост. Сфаќа дека на крајот искреноста може да се претвори во нож кој на крај некој ќе му го забие во грб.

Човек се разочарува затоа што луѓето не го зборуваат она што го мислат, туку го зборуваат она што се очекува од нив. Тие сметаат дека тоа ќе им осигура некоја стабилност во животот, па без проблем малку ја искривуваат сликата за себе и се навикнуваат на се’.

Човек се разочарува и сфаќа дека треба да живее поинаку, дека не треба на секој да му го отворува своето срце. Дека не треба на сите да им ги кажува своите планови, зашто потајно некој може да ги уништи.

Од своите грешки човек сфаќа дека пријателството понекогаш се расипува, дека постојат многу ретки приајтели кои секогаш се тука за нас. И на крај останува човек само да ги намали своите очекувања, да пронајде мал искрен круг на луѓе и мудро да го живее својот живот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close