Uncategorized
Чистотата е половина здравје: Што треба да дезинфицирате кога е во прашање бебето?
Кога е во прашање хигиената, на некои работи треба да им се обрне посебно внимание.
Малите бебиња, односно доенчињата, но и поголемите деца, се вистински „магнет за бактерии“, бидејќи мамат многумина да ги допрат, бакнат и слично. Тие сакаат да допрат речиси се’, а потоа со своите прсти поминуваат низ лицето, усните.
Секако, тие се уште мали и не можат да ги совладат навиките за хигиена, па затоа, родителите постојано чистат, бришат и прават се’ што е во нивна моќ за да ги намалат шансите за внес на бактерии.
Една докторка наведува дека постојат неколку работи кои е важно да се одржуваат чисти и да се дезинфицираат, со цел да се намали непотребната изложеност на бактерии.
Еве за кои станува збор:
- Играчки за бањање и гумени играчки – тие се речиси 10 пати понечисти од садот за вода на домашното милениче, наведува едно истражување. Затоа, по секое бањање се препорачува играчките кои биле во кадата со детето да се измијат со топла вода и малку сапун, а потоа да се измијат и со ладна вода.
- Играчки за заби – бидејќи тие се постојано во устата на вашето бебе, би требало да преземете дополнителни чекори за да ги исчистите. Прво измијте ги со топла вода и благ детергнет за садови. Потоа добро измијте ги со вода.
- Дрвени играчки – овие играчки не би требало да ги топите со вода, туку можете да ги истриете со претходно промешан состав од 50% оцет и 50% вода.
- Плишани играчки – овие играчки треба да се перат на неделна основа, особено ако станува збор за играчки кои детето секодјенво ги има во рацете, ги фрла на подот, на креветот, во автомобилот… Ставете ги во вреќичка за перење и исперете ги според упатствата.
- Местото за менување пелени – изненадувачки е колку бактерии може да се задржат овде. Затоа, пред да го ставите бебето на подлогата за менување пелени, пребришете со антибактериски марамчиња.
Посебно внимание обрнете и на миењето раце
Секако, освен наведеното, од особена важност е да ја одржувате и хигиената на рацете, како кај децата, така и кај возрасните.
Поради ситуациајта со коронавирусот, УНИЦЕФ објави неколку насоки на кои треба да се придржувате.
Како што се наведува, важно е да имате на ум дека брзото ставање сапун и миење раце, нема да ги отстрани сите вируси од рацете. Наместо тоа, следете ги следниве постапки: Темелно измијте ги рацете со вода, нанесете доволно сапун, темелно измијте ги рацете и тоа најмалку 20 сеунди, темелно измијте со вода и потоа исушете ги рацете со чиста крпа или марамче за еднократна употреба.