Кафе муабет

Биди кралица која се бори за себе, а не принцеза која чека да биде спасена!

Биди кралица, препознај ги своите вредности!

Секоја девојка сонува з атоа да биде принцеза, но сепак, тоа и не е некој статус кој една жена би требало да го посакува за себе. Вистинската жена не треба да чека некој да ја спаси.

И жените и мажите секојдневно се соочуваат со ситуации во кои треба да одберат која е нивната улога. Понекогаш сме принцези, а понекогаш сме кралици, кога бараме од шефот поголема плата, затоа што знаеме дека го заслужуваме тоа и сакаме нашите потреби да бидат задоволени.

Кога поминувате низ тежок период во животот, треба да се запрашате дали сакате да бидете ПРИНЦЕЗА која е жртва на своите последици или сакате да бидете КРАЛИЦА која ги прифаќа последиците и ги користи како можност за заблеска.

Биди кралица, препознај ги своите вредности и биди достоинствена, па дозволи работите да се случат самите по себе.

Не чекај да дојде мажот од соништата и да те штити, да се бори за тебе и да те гледа како капка на дланка. Биди жена која ќе се бори за себе и која ќе биде задоволна со она што е. Добро е да имате личност до себе за која ќе знаете дека можете да се потпрете во секој момент, но уште подобро е да знаете самите да застанете на нозе и да се изборите со животните предизвици.

Иако можеби длабоко во себе силно се борат со некои нивни потешкотии, силните жени умеат секое утро да ги отворат очите и да си изговорат на себе: Да, ти го можеш тоа!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close