Кафе муабет

Тажниот крај на големата ѕвезда од поранешна Југославија која потекнуваше од Мехмед-паша Соколовиќ

Актерката беше позната од Вардар до Триглав, а играше покер и сакаше да ја закопаат со шпил карти!

Приказна за една бесмртна жена која остави траг и на овие простори

Актерката Семка Соколовиќ- Берток беше една од најголемите и најпопуларните актерки на југословенската сцена и една за кои може слободно да кажеме дека беше ценета од Вардар до Триглав.

Родена е во Сараево 1935 година во семејството на Расим и Абида Соколовиќ. Малку е познато дека нејзиното семејство води потекло од легендарниот Мехмед-паша Соколовиќ, односно дека и нејзиниот дедо бил паша.

Нејзиниот татко беше финансиски инспектор, а неговиот живот згасна кога Семка имаше три години.

Таа порасна со нејзината сестра Бадема и мајката Абида. Бадема подоцна ќе стане оперска примадона во Хрватски народен театар во Загреб.

Фото: Принтскрин

За време на своите средношколски денови ќе се занимава со мечување, но од овој спорт ќе мора да се откаже заради повреда.

Но таа цел живот ќе биде голем љубител на спортовите, од шах до фудбал и веслање. Покрај успеси во бриџ има остварено успеси и во играње шах – осум пати била шампион во Хрватска. Во Сараево одела на актерско училиште, а по големата матура (1953) заминува на драмската академија.

Фото: Фејсбук/ Семка Соколовиќ- Берток

Со своите строго одмерени и сериозни настапи, дури и кога траеле само по неколку минути, Семка знаела да се вреже во сеќавањето кај публиката дури и многу повеќе од некои главни актерки.

Фото: Фејсбук/ Семка Соколовиќ- Берток

За нејзините први главни улоги благодарна му е на Фадил Хаџиќ кој во неа препозна одлична актерка.

Таа остварува врвни улоги како на театарските штици, така и на филмското платно, а во филмот „Мајстори, Мајстори“ ја добива својата прва голема филмска улога. Потоа во 80-тите станува ногу поважна филмска актерка отколку што била во претходните децении, а почнува да настапува и во телевизиските серии (улогата на Сена во „Подобар живот“).

Фото: Принтскрин

Нејзиниот живот ќе заврши на 4 март 2008 година во Загреб како последица на мозочен удар. Таа беше голем хуманист и космополит, жена со отворени видици и без предрасуди. Никогаш не го криела своето мислење, што понекогаш се одразувало на нејзината кариера.

И покрај нејзините успеси во кариерата, јавноста често се прашувала како актерката може одлично да игра шах, бриџ и покер (осум пати го освојуваше првото место во шах во Хрватска, а сопругот и беше шаховскиот велемајстор Марио Берток). Како што самата велеше, во театарот понекогаш и бил досадно, бидејќи колегите споро го совладувале текстот. Оние што ја познаваат нејзината кариера, велат дека филмот повеќе одговарал на нејзиниот темперамент.

Покрај тоа што беше голем уметник, како што истакнуваше и самата, таа во животот многу сакаше и да се кoцка.

Фото: Принтскрин

Токму затоа во последни денови од животот знаеше да истакне дека сака да ја закoпаат со еден шпил карти во рацете.

Пет месеци по нејзината cмpт, бeз*ивoтното тело на нејзиниот сопруг беше пронајдено во едно езеро.

Фото: Фејсбук/ Семка Соколовиќ- Берток
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close