Кафе муабет

Ако сакате да живеете добро, обрнете внимание на ова

Најважно е да посакувате да живеете добро.

Духовното здравје е поважно отколку што мислите. Освен за физичката состојба, мора да водите сметка и за менталното здравје и состојбата на духот.

1. Не поставувајте си нереални задачи (нека вашите цели бидат лесно остварливи, до умерено тешки. Само така можете да се мотивирате себеси).

2. Ако моментално ви оди лошо во животот, не обвинувајте ги другите или лошата среќа. Едноставно, обидете се да се промените за да ја промените својата судбина. Но, имајте на ум дека се’ во животот има свој рок на траење, па така и лошите и тешки моменти во животот.

3. Не мешајте се во туѓите животи – едноставно пуштете ги другите луѓе да ги решаваат своите проблеми, да водат сметка за себе. Наместо на туѓите, посветете се на својот живот.

4. Научете да простувате – тоа значи дека ќе се исчистите од злобните, лоши мисли и лоши желби. Отфрлете се’ што не ви се допаѓа. И кога ќе простите, не мора да заборавите. Едноставно, дозволете лошите работи да бидат дел од минатото.

5. Бидете искрени – тоа е лековите. Кон другите, а најмногу кон себе.

6. Не очекувајте признание од другите – се’ што правите, правете за себе.

7. Не завидувајте и не љубоморете – грижете се за својот живот и едноставно не завидувајте им на другите, затоа што никогаш не знаете што се случува во туѓиот живот.

8. Ако нешто не можете да промените, прифатете го!

9. Научете да се опуштите – правете го тоа што му одговара и на вашето тело и на вашиот ум.

10. Паметно распоредете го своето време – работете 60% од времето, одмарајте се 10%, забавувајте се 10% и 20% од времето оставете го за слободни активности.

11. Запаметете дека се’ во животот се враќа – и добро и зло!

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close