Кафе муабет

Ако имате Лав во ваша близина, бидете подготвени постојано да давате комплименти

Ним комплиментите им се многу важни. За се'!

Веќе ни е позанто дека Лавовите се горди личности кои сакаат да слушаат пофални зборови за себе. Тие речиси секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, па затоа, ако ги имате во ваша близина, бидете подготвени да давате комплименти во секоја ситуација и за секоја ситница. Така ќе ги направите многу, многу среќни!

Можете да го пофалите нивниот успех, нивното достигнување, облеката која ја носат, физичкиот изглед, некоја смешна изрека… Прифатете го фактот дека нема да бидете единствени кои ги вреднуваат нивните квалитети. Лавовите честопати поседуваат магнетна сила и привлекуваат внимание на сите околу себе.

Лавот себеси секогаш се смета за најдобар. Овие личности никогаш не се споредуваат со некого којшто им е близок, тие се споредуваат само со познати личности. За Лавовите се смета и дека се нарцисоидни, а кај некои личности родени во овој хороскопски знак тоа е особено нагласено.

На Лавовите им е навистина тешко да најдат баланс помеѓу самоувереноста и потребата да доминираат над другите.

Секако, до одредена граница самоувереноста е добра, но сепак, таа може да биде и негативна ако не се држи под контрола. Она што е важно да се нагласи е тоа дека Лавот би направил се’ за оние што ги сака. Овие личности се лојални и до некаде посесивни, но тоа е со добра намера.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close