Дом и семејство

ОВА СИТЕ ТРЕБА ДА ГО ПРОЧИТАТЕ: Основни мерки на заштита на куќи од поплави

Првиот приоритет за време на поплави, како и за било кои други непогоди, е заштитата на човечките животи. Но, никако не заборавајте дека и мерите за заштита на куќата би можеле да бидат клучни за спасување на нечиј живот.

Постојат основни мерки кои можеме да ги преземеме на време во секое домаќинство и пред се во најниските делови од објектите. Но, и покрај сите мерки на претпазливост, тие нема да бидат доволни во случај на голем воден бран кога евакуацијата ќе биде неопходна. Во случај да дојде до таква несакана ситуација, неопходно е да се следат инструкциите за евакуација.

Во случај на помали продори на вода, следните мерки за претпазливост можат да бидат мошне корисни, а мерките за заштита се задолжителни!

Проверете ги сите косини во вашиот двор. Земјата околу темелите мора да биде барем 10 до 15 сантиметри повисока од онаа која е на метар до метар и половина оддалечена од куќата. Ако забележите разлика најдобро е да насипете тврда земја која нема лесно да ја пропушти водата, како што е на пример глината.

Идеално е да имате комплетна дренажа околу куќата, но за тоа треба време и доста работа, па тешко може да се направи за време на поплава.

Внимавајте автомобилот и механизација да не ги паркирате така што ќе го закочите патот на спасувачките возила во случај на потреба.

Во просториите кои се загрозени од поплавите треба да се користи само опремата и предметите кои се водоотпорни или кои, во случај на потреба, можете едноставно и брзо да ги изнесете.

Сите домашни апарати како што се машините за перење, фрижидерот, грејните тела и слично, треба да се постават на подлога така што ќе бидат барем десетина сантиметри издигнати над површината на подот. Со тоа нема да биде претерано отежнато нивното користење, а сепак ќе имате мала заштита при првиот удар на водата.

Сите штетни и опасни материи како што се на пример отпадно масло, хемикалии, бои, лакови и средства за миење и чистење треба да стојат во добри затворени шишиња и садови за да не дојде до нивно истурање и мешање со водата која продира во куќата. На тој начин ќе ја заштитите не само околината туку и домашните миленичиња и домашните животни.

Набавете пумпа со која би можеле да ја исфрлите водата од просториите. Пумпата треба да може да работи и со нечиста вода, а морате постојано да ја одржувате во исправна состојба.

Сметајте дека во случај на поплава ќе дојде и до прекинување на снабдувањето со струја и вода за пиење. Затоа подгответе на време радио апарат со исправни батерии, телефон за да се јавите доколку има потреба од тоа, батериска светилка и свеќи, потоа основен пакет со лекарства кои некои членови од вашето семејство мораат редовно да ги користат, основен пакет за хигиена, лична документација спакувана во водоотпорни футроли, залихи со чиста вода, трајни намирници и водоотпорна облека и гумени чизми.

Основните совети за вашата безбедност и безбедноста на вашето семејство во случај на поплави можете да ги прочитате тука.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close