Бременост
Ја чува како капка вода: Еве како бремената Анастасија ужива со Гудељ во Шпанија (ФОТО)
Наскоро ќе станат родители...
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ е бремена во петтиот месец а наскоро заедно со партнерот Немања Гудеља ќе ја добијат најубавата улога во животот.
Иако четири месеци ја криеше бременоста, Цеца неодамна во нивното реално шоу откри дека по трет пат ќе стане баба.
После тоа, Анастасија и нејзиниот избраник јавно споделија фотографија на која блескаат од среќа, а наследничката на Цеца позираше со бременото стомаче кое го истакна во црвен фустан.
Со емотивна посвета до нероденото бебе на сите им дадоа до знаење дека чекаат ќеркичка, а после тоа следуваа лавина од честитки.
Деновите во блажена состојба таа ги поминува во Севиља каде моментално ужива со Немања. Кога нема натпревари или тренинзи, Гудељ целото слободно време го поминува со својата сакана, а таа сега сподели еден емотивен момент.
Ражнатовиќ покажа како се шета со фудбалерот низ улиците на Шпанија држејќи се за рака. На сето тоа додаде срце и го означи своето момче.
За потсетување, Анастасија треба да се породи во средината на септември и да роди девојче.
Ќе направат прослава за најблиските…
Многу се шпекулираше за венчавката на Анастасија и Немања и за тоа каде ќе се одржи, а според медиумите младиот пар планира да организира интимна венчавка само за своите најблиски роднини и пријатели.
Како што објавија тамошните медиуми, церемонијата била планирана за јули годинава. Парот избрал да се венча во Севиља а потоа следната година ќе следува гала-венчавка и црковната венчавка.
– Анастасија и Немања се пресреќни што ќе добијат ќерка. Тие веднаш им ја соопштија на своите семејства добрата вест. Цеца плачела, а Вељко бил пресреќен што ќе стане вујко. И семејството на Немања со нетрпение го очекува доаѓањето на бебето. Мајката на Гудељ, Оливера, едвај чека да го добие првото внуче, како и таткото Небојша. Сите се воодушевени – ја започнува приказната извор близок на парот.
-Таша сакаше да се породи во Шпанија за нејзината ќерка да го добие нивното државјанство. Затоа ја покренала постапката за добивање постојан престој во таа земја. Но, таа процедура се уште не е завршена, па таа не може да дојде во Србија. Но, таа едвај чека да заврши се за да дојде во Белград, бидејќи семејството и недостасува многу – додава изворот.
– Годинава нема да прават голема свадба, туку интимна церемонија, поради обврските на Гудељ во клубот од Севиља. Во јули во Шпанија ќе дојдат само членовите на семејството и најблиските, а Анастасија и Немања ќе се венчаат во општината за бебето да не се роди во вонбрачна заедница. Но, следната година ќе имаат црковна венчавка и голема свадба на која ќе ги поканат семејството, пријателите и колегите. Ќе приредат забава за неколку стотици луѓе – изјавил изворот за „Информер“.