Бебе
Први фотографии од синчето: Мими Јовановска го откри името на синот- гордиот татко пресреќен, ова е најубавиот ден за нив
Тие се пресреќни поради приновата...
Младата македонска пејачка – велешанката Мими и нејзиниот избраник Филип при крајот на август се заколнаа на вечна љубов во црквата Св. Димитрија во Скопје.
Младата пејачка која со својот глас ги воодушеви сите додека се натпреваруваше во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ изгледаше како принцеза на свадбата, а најубавиот момент беше кога невестата го зеде микрофонот и ја испеа песната што заедно со Филип ја направиле специјално за овој посебен ден во нивните животи.
Мими која што се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ каде никого не остави рамнодушен со својот талент, вчера сподели убава вест за нејзините фанови и следбеници на социјалните мрежи.
Имено, пејачката се породи и на свет го донесе синот на кого му го дадоа името Никола.
Гордата мама на својот Инстаграм профил веднаш сподели фотографии од бебето, а на едната фотографија може да се забележи среќниот татко кој во прегратка го држи наследникот.
„ Од кога дознав до овој момент поминаа 30 недели и ја носам радоста наша. Му благодариме на Бога сите овие недели поминаа во најдобар ред и ни остана уште малку време до запознавањето со нашиот син. Работно бев активна на сцена до пред една недела. Сега доаѓа период каде што ќе одморам малку и ќе соберам сила за новиот начин на живот што следи“, откри Мими Нуне во разговор за „Репортер“ .
Инаку, јавноста ја запозна Мими како ,,ѕвезда’’ на Гранд, а Филип како трубач на познатиот бенд ,,Нуне брадарс’’.
Шармантната Мими Јовановска го освои целиот Балкан со својот извонреден глас, но и изглед таа ги освои публиката и жирито уште на првиот нејзин настап, а најмногу нејзиниот ментор Џенан Лончаревиќ.