Кафе муабет
Скандал во „Ѕвездите на Гранд“, студентка по медицина од Македонија ги скара Ана Бекута и Ѓорѓе Давид: „Таа е подобра од сите твои пејачки!“
Според жирито, Славица беше подобра и освои пет гласови, но тоа не беше доволно да се пласира директно во следниот круг.
Младата струмичанка Славица Ангелова (20) заедно со Хусеин Спасоли настапија први во последната емисија „Ѕвездите на Гранд“.
Според жирито, Славица беше подобра и освои пет гласови, но тоа не беше доволно да се пласира директно во следниот круг.
Таа мораше да замине во бараж, иако според повеќето претставници на жирито требаше да освои шест гласови.
„Втората кандидатка требаше да ги добие сите гласови бидејќи и двете песни беа феноменални, изјави Вики Миљковиќ, а со нејзиното мислење се согласија Светлана Цеца Ражнатовиќ и Снежана Ѓуришиќ.
„Кандидатката број два е добра пејачка и добро се избори. Навистина, можеше директно да поминеш, но избра да пееш, не тежок програм туку дали овие песни ти одговараат, ова го пеат две дивјачки, а ти си фина девојка. Проблемот бепе експресијата, но ти си добра пејачка и местото ти е во следниот круг“ го даде своето мислење Марија Шерифовиќ кое го поддржа и Ана Бекута која додаде дека песната „Танго“ беше тенка по што се огласи Ѓорѓе Давид.
Тој беше брутален кон Бекута и изјави дека Славица пее подобро од сите кандидати што таа ги има во својот тим.
Пејачката секако дека не му остана должна, по што Ѓорѓе Давид им се извини на нејзините кандидати и ја поддржа Македонката за која вели дека е една од најдобрите пејачки во шоуто за оваа година.
Инаку, Славица успеа да „развали“ и во баражот, како што и порача и Ѓорѓе, и да се пласира во следниот круг.
Таа и овој пат изгледаше како вистинска дива на сцената, а посебно внимание привлече и со нејзиниот преубав фустан.
Имено, Славица за оваа пригода носеше тесна црна тоалета со необичен детаљ на деколтето со кој ги воодушеви сите.
Таа едноставно блескаше во ова свое издание истакнувајќи го на суптилен начин својот неодолив шарм.
Тесниот црн фустан ја истакна нејзината беспрекорна линија, а целото издание го зачини со ракавици од тил и преубава фризура.
Инаку, ова не и е прв натпревар на Славица да учествува во шоу од ваков тип. Таа се натпреваруваше и како дете во музичкото шоу за тинејџери „Некои нови клинци“, потоа и во бугарското шоу „The Voice“.
Но таа сега како студентка на медицинскиот факултет реши да продолжи онаму каде што застанала, и се пријави во „Ѕвездите на Гранд“ каде уште од својот прв настап го привлече вниманието на сите.
Како таа изгледаше и во претходните кругови, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд