Кафе муабет
Погледнете како се славеше во вилата на Дедиње: Се “пукаше” од луксуз- сите се пресреќни за доаѓањто на Крстан
Се роди вториот наследник...
Вчера семејството Ражнатовиќ стана побогато за уште еден член, имено синот на Цеца, Вељко и беговата сопруга Богдана го добија синот Крстан.
Гордата баба вчера вечер направи гала прослава во чест на новородениот внук. Таа приреди голема прослава во семејната вила на Дедиње, а меѓу првите пристигнаа пејачката Јоца Стефановиќ и пејачката Александра Бурсаќ, Хелена Оцокољиќ, Биља Спасиќ, Милош Надаждин, семејството Родиќ, Жика Јакшиќ, Сања Ѓорѓевиќ со нивната ќерка и многу други познати личности.
Гордиот татко Вељко пристигна во тренерки а насобраните гости веднаш сакаа да му ја искинат маицата по стариот српски обичај.
Капијата на луксузната вила беше украсена со многу златни и сини балони, Ражнатовиќ се погрижија за се да биде беспрекорно па организираа кетеринг служба, а прославата траеше до зори .
Гордата баба Цеца изјави дека е пресреќна што доби уште едно внуче.
– Речиси 4200 g, 54 долг. Убаво, најубаво! Како можам да се чувствувам, можам да полетам. Многу сум среќна, ова е благослов од Бога. На денешен ден се роди и мојот покоен сопруг, денес се роди Крстан. Се што е можно убаво, што можеше да се случи, се случи – рече Цеца и додаде:
– Јас сум толку возбудена. Богдана е супер, фала богу. Не обрнував внимание на Вељко, гледав како ќе преживеам. На крајот на краиштата, ова е интервентно породување, секако дека е стресно, но убаво е!
Инаку, малиот Крстан е роден на истиот ден кога е роден и покојниот Жељко Ражнатовиќ- Аркан.