Кафе муабет
Се сеќавате на Хатиџе султан? Нема да ја препознаете, денеска е русокоса и изгледа сосема поинаку (ФОТО)
Таа е непрепознатлива...
Македонската јавност ја запозна турската актерка Селма Ерчег, по улогата на Хатиџе Султан, сестрата на Сулејман.
Актерката од популарната серија, во својот приватен живот не ни наликува на ликот што толку веродостојно го толкуваше.
Разгалена и малку досадна, таа не беше омилена меѓу гледачите бидејќи постојано влегуваше во конфликти со Хурем Султан, но зад камерите таа е сосема поинаква жена.
– Сценариото на почетокот ме полуде затоа што морав да бидам тивка и мирна девојка која чува се за себе и мислев дека ќе полудам поради Хатиџе. Порано се разболев од нејзината патетичност. Колку и да е таа мирна, фина и повлечена жена, толку јас сум погласна – рекла во една прилика актерката а вистинитоста на нејзините зборови можевме да ја потврдиме преку социјалните мрежи.
Покрај тоа што Селма е всушност модерна жена која навистина ужива во животот, нејзиниот изглед е она што привлекува внимание на Инстаграм, каде што е многу активна и често ги радува своите следбеници со фотографии од нејзиното секојдневие, па можеме да видиме дека во нејзиниот случај, трансформацијата е огромна.
Хатиџе султан сега е русокоса, а видливи се одредени естетски интервенции кои во нејзиниот случај се направени со вистинска мерка, па не е чудно што иако навлезе во петтата деценија, најмногу добива комплименти за нејзиниот атрактивен изглед.
Селма, која има германски корени, може да се пофали и со исклучително интересна биографија. Студирала медицина и психологија, учествувала на избори за убавина и работела како модел, се занимава и со хуманитарна работа, но актерството сепак и е на прво место.
Инаку, турските медиуми неодамна открија дека Селма е принцеза и во вистинскиот живот, односно дека оваа актерка е директен потомок на султанот Мехмет II кој имаше 37 деца со неколку различни жени.