Бебе
Холивудската актерка стана мајка- роди близнаци на 48-години а сега покажа како се снаоѓа во новата улога
Таа е пресреќна...
На 48 години двократната оскаровка Хилари Свонк се оствари во улога на мајка.
Таа минатата година воодушеви многумина која ја сподели веста дека на 48 години ќе стане мајка на близнаци.
Хилари на својот Инстаграм профил редовно споделуваше фотографии од бременоста, а сега ги воодушеви обожавателите со објавата дека родила здрави бебиња.
– Не беше лесно, но вредеше. Среќен Велигден. Објава од чистиот рај, напиша таа во описот на фотографијата на која ги држи новороденчињата во раце додека го гледа зајдисонцето. Актерката засега не ги открива имињата на децата.
За потсетување, Свонк и претприемачот Шнајдер се венчаа во август 2018 година. Тие направија тајна церемонија а имаа романтична свадбена прослава во шумата на Националниот парк Редвуд во Калифорнија.
Оскаровката ги воодушеви сите кога во гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“ откри дека ќе стане мајка на близнаци.
“Ова е нешто што долго го чекав, следното нешто што ќе ми се случи е да станам мајка. И тоа не на едно дете, туку на близнаци”, изјави Хилари Свонк и додаде дека е пресреќна за тоа, пренесува „Pagesix“.
„Се чувствувам одлично во моментов, но мојата облека почнува да се чувствува тесно“, се пошегува актерката, а потоа додаде: „Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Неверојатно е“.
Таа истакна дека сака деца и дека мајчинството и е многу важно.
“Тоа беше сон од соништата, да се омажам за човекот од моите соништа покрај сите луѓе кои нè сакаат. Тоа беше остварување на сонот”, изјавила актерката во една прилика за венчавката со Филип.
Таа е двократна оскаровка, престижната награда и ја донесоа главните улоги во филмовите „Девојка од милион долари“ и „Момчињата не плачат“ во 2004 и 1999 година. За овие актерски достигнувања и беше доделен и Златен глобус.