Кафе муабет

Цели 23 години функционират вака а многумина не ги разбираат: Тијана Дапчевиќ откри нови детали за бракот со Милан- ОВА НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕШЕ!

Тие се еден од најхармоничните парови...

Тијана Дапчевиќ Тодевска важи за една од најпрепознатливите пејачки на овие простори.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Тијана може да се пофали со успешна кариера а освен со музика се занимава и со актерство.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Секако клучот на успехот за Тијана беше талентот, уникатноста и шармот кои ги поседува.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Тијана повеќе од две децении е во среќен брак со својот сопруг Милан, со кој го има синот Вук, а во нивниот случај комбинацијата на приватно и деловно се покажа како исклучително успешна. Цели 23 години Милан е музички продуцент на Тијана па со оглед на тоа што важат за еден од најхармоничните парови може да се каже дека овие сопружници се пример како треба да функционира еден брак.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

-Мојот сопруг Милан е мојот музички продуцент. Работиме 23 години и на деловен и на приватен план! Тоа е одлична комбинација за нас. Беспрекорно! Нам ни се допаѓа вака и не би смениле ништо. Затоа не гледам проблем во мешање на приватно и бизнис, но сите сме различни. Можеби некој не би работел толку добро како јас и Милан, вели пејачката, пренесува „Убава и среќна“.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

– Ако си нормален и цивилизиран човек, тогаш вистински пријателства постојат во секоја професија, не само меѓу пејачите. Зорана Павиќ, Ивана Петерс, Гоца Тржан, Леонтина Вукомановиќ ми се многу добри пријатели. Ние сме пријатели со години и често работиме заедно. Знаеме да го споиме убавото и корисното, рече таа.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Имено во една прилика пејачката прозборе за својот брак па истакна дека таа и нејзиниот сопруг Милан не ги поминуваат своите годишнини на посебен начин, но дека се обидуваат да ја негуваат врската секој ден, наместо еднаш годишно.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

– Ние славиме љубов секој ден, не само еден ден во годината- рече таа.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Тие се запознале на една кошаркарски натпревар, и по само четири дена излегување решиле да започнат заеднички живот.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Како што објасни пејачката во една пригода за еден портал, тој и додека и’ бил продуцент секогаш бил во фазон таа да оди некаде, а тој да не се појавува никаде. Таа тогаш истакна и дека својата приватност не ја чува баш толку, но и дека не дозволува никому да се меша во нејзиниот живот.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Нивниот брак помина само низ една криза, кога се пишуваше дека сопругот на Тијана Дапчевиќ и е неверен на пејачката, но таа тоа остро го демантираше.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

-Се пишуваше дека Милан ме изневерувал, но јас не негирав бидејќи нас не не интересира такво нешто. Ниту тој ме изневери, ниту јас него! Сите овие години не погледнав во друг маж, бидејќи во мојот сопруг имам сè! Тоа беше и останува љубов на прв поглед. Можеби го изневерував со Џони Деп, Метју Меконахи, Бредли Купер, но во мојот ум – на мој начин, истакна Тијана.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close