Кафе муабет

Мојот живот тргна во друга насока: Данијела за прв пат јавно прозборе за разделбата од Грашо- пејачката ќе се мажи, конечно е среќна и исполнета?

Го пронајде вистинскиот...

Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо важеа за еден од најхармоничните парови, тие заедно поминаа повеќе од две децении а пред две години како бом.ба одекна веста дека се разделуваат.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Иако многумина се надеваа дека парот ќе се одлучи за свадба, сепак тие се решија за раскинување кое ја потресе целата јавност.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Грашо набрзо се ожени со Хана Хуљиќ, со која ја доби ќерката Алба, што дополнително налути многумина, а многумина го осудија и навредуваа, додека целосна поддршка доби Данијела.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Набргу потоа и Данијела ја најде среќата покрај Јосип Плавиќ, криминален инспектор кој го запознала пред една година кога пејачката преку Интернет поднела пријава за кражба на идентитет.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Случајот брзо беше решен, а потоа почна да се развива нашата приказна. Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Кога се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи за животот и светот околу нас, дури и некои соништа – изјави неодамна таа за хрватска Глорија.

фото инстаграм/ Данијела Мартиновиќ

Но сега се шпекулира дека тие ја подигнале врската на повисоко ниво, а шпекулациите се разгореле кога на нејзината рака блеснал бисерен прстен, а фановите веднаш помислиле дека пејачката се мажи.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

-Прстенот е подарок, но нема да откријам од кого е, нека биде тајна – изјави неодамна Даниела.
Даниела не крие дека е исполнета и среќна.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

-Постојат институции и правила, но секогаш постои личност, онаа, која ќе ни подаде рака и поради која животот ќе ни оди во сосема друга насока. Навистина сум среќна, нема што да се додаде или одземе од тоа – открила таа за далматинскиот портал.

фото Глорија.рс

Пејачката откри дека нивната љубовна приказна е необична и ќе се најде во нејзините идни песни.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Блиска пријателка на Данијела за Слободна Далмација откри дека пејачката е пресреќна и исполнета.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

-Таа е вљубена во него и јас сум навистина среќна поради тоа. Заслужи покрај себе да има вистински маж кој неизмерно ја сака, почитува и цени. Имаат слични ликови, се согласуваат за многу работи и конечно мислам дека Данијела го најде човекот на својот живот – изјави пријателката.

Zagreb, 240223.
Pjevacica Danijela Martinovic, fotografirana u setnji Bundekom u drustvu svojeg decka.
Foto: Boris Kovacev / CROPIX

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close