Кафе муабет

Лила Филиповска првпат пред јавна публика емотивно за борбата со ракот : ,,ПРВИОТ ПАТ ПЛАЧЕВ ПО ОПЕРАЦИЈАТА ВО ТУРЦИЈА, ВТОР ПАТ КОГА МИ ПАДНА КОСАТА’’

Водителката емотивно за стресните мигови од болеста...

Пред извесен период поранешниот водител Зоран Василевски, во јавноста познат како Зоки Фаци кој е еден од најдобрите пријатели на Лила Филиповска откри дека водителката носи перика и минувала низ многу тежок период во животот.

Фото:Инстаграм/Лила Филиповска

Зоки Фаци на својата Инстаграм приказна напиша дека здравјето на Лила било нарушено, дека изминатиот период водителката се борела лавовски и минувала низ пекол…

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

На оваа тема  неодамна за прв пат јавно се огласи и самата Лила Филиповска. Имено во мартовскиот број на магазинот Убавина и Здравје, Лила искрено зборува за борбата со канцерот.

фото принтскрин/инстаграм

-,,Кога ќе помислев колку многу жени го поминале или го поминуваат мојот пат, си велев дека не морам сега да ги заморувам луѓето со мојот здравствен проблем. Што би се случило кога сите би давале интервјуа за своите проблеми?! Од друга страна, пак, веќе 25 години ја споделувам мојата интима со публиката, раскажувам за моите патувања, препорачувам производи и сметав дека е чесно да кажам дека се соочувам со сериозен здравствен проблем, дека ми дијагностицираа канцер на дојка и дека болеста не избира! Знаете, кога ја слушнав дијагнозата, бев во тотален шок! Можеби и ќе вриснев, но останав без глас’’, говореше Лила во интервјуто за Убавина и здравје.

Фото:Инстаграм/Лила Филиповска

Имено на насловната страница Лила е со кратка коса и фризура со која публиката не е навикната да ја гледа.

  Фото:Инстаграм/Лила Филиповска

Вчеравечер во хотелот „Александар Палас“ две жени ги раскажаа своите приказни за борбата со ракот пред македонската публика.

Едната беше нашата Лила Филиповска, а другата српската хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник која денес им помага на жените кои се борат со оваа болест.

Фото:Инстаграм/Лила Филиповска

Лила емотивно и искрено пред публиката говореше за нејзината борба со ракот:

Фото:Инстаграм/Лила Филиповска

,, Првиот пат плачев после операцијата во Турција кога во ноќница со подвижна инфузија се движев по ходникот и си викав ’Боже што ми се случи‘. Не се прашував ’зошто мене ми се случи се ова‘, затоа што знаев дека тоа не е вистинското прашање. За жал, не сум само јас, туку многу жени“, раскажуваше Лила Филиповска со многу емоции.

Фото:Инстаграм/Лила Филиповска

Емотивно раскажа за тешкото прифаќање на хемотерапијата и солзите во борбата:

фото принтскрин/инстаграм

,, Јас се надевав дека ќе смислат некоја хемотерапија од која нема да паѓа косата. Па јас цел живот многу сакам долга коса, па снимање, локни, надградби, пунџи…И кога докторот ми кажа дека не постои магична хомотерапија и дека задолжително ќе ми падне косата – тоа ми беше второто плачење“, раскажа водителката.

Фото:Инстаграм/Лила Филиповска

фото принтскрин/инстаграм
фото принтскрин/инстаграм

Фото:Инстаграм/Лила Филиповска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close