Кафе муабет
КОНЕЧНО ФАТЕН НА ДЕЛО: Еве во чија прегратка ужива Душко Тошиќ по најавениот развод (ФОТО)
Даде поддршка на српската репрезентација...
Повеќе од една година се зборува за распадот на бракот на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша кои се уште се законски сопружници и живеат под ист покрив.
Душко никогаш не бил претерано експониран во јавноста па поради тоа не е чудно што секое негово појавување е вистинска сензација за припадниците на седмата сила, а секоја фотографија на Душко Тошиќ, која тој, иако ретко, ја споделува на социјалните мрежи предизвикува многу коментари и реакции.
Сега по неколку месеци молк на неговиот Инстаграм профил се појави објава и имавме можност да видиме како и со кого Душко го поминува времето, а меѓу другото и како изгледа.
Заслуга на српската фудбалска репрезентација е што тие повторно се заедно.
Имено, поводот е историски, фудбалерите на српската репрезентација играа меч со Литванија а Душко под слоганот „заедно, обединети и единствени“ и даде голема поддршка на српската селекција на пат за Германија во 2024 година.
Фотографијата на Душко Тошиќ со ѕвездите на репрезентацијата најпрвин се појави на профилот на Српскиот фудбалски сојуз, а потоа ја сподели со својата армија фанови меѓу кои предизвика воодушевување.
Оние кои се прашуваа дали по најавениот развод од пејачката Душко си најде сродна душа и се впушти во нова емотивна врска, овојпат ќе им биде ускратен одговорот, бидејќи фотографијата на Душко Тошиќ го открива само она што сите веќе го знаеме, а тоа е дека тој е најпосветен на својата голема љубов – фудбалот.