Uncategorized
КОНЕЧНО ОТКРИЕНО ИМЕТО НА СИНОТ НА АНА КОРАЌ! Старлетата долго време го криеше од јавноста
Ужива во улогата на мајка...
Старлетата Ана Кораќ пред еден месец се оствари во улога на мајка и на свет донесе здраво синче. Ана името на синот го крие од јавноста а според она што шпекулираат локалните медиуми, името на наследникот е од хебрејско потекло и има силно значење- „дар од Бога“.
Имено, Ана, која редовно споделува фотографии со наследникот на Инстаграм, била многу таинствена кога станува збор за името на нејзиното бебе.
Да потсетиме, Ана Кориќ се породи пред еден месец и роди син. Ана го крие идентитетот на својот партнер од јавноста, но во неколку наврати на социјалните мрежи покажа дел од своето секојдневие.
Сепак, покрај семејната идила, сите го забележаа и луксузниот ентериер, а неизбежно е да се забележи и дека Ана се труди секој детаљ во домот да биде украсен со стил.
Ана не крие дека е пресреќна и ужива во новата животна улога.
– Се чувствувам одлично, исто како што замислував, среќна, благословена и исполнета. Родителството ги буди највредните чувства кај жената. Моето срце, душа, цело битие се посветени на мојот син, кој е центарот на мојот свет. И бебето е премногу добро, слатко, мило и мало. Полека се запознаваме, се надополнуваме и слушаме, јас него и тој мене – рече Ана.
– Што се однесува до несоницата, тоа се слатките маки за кои ми раскажуваше мајка ми. Сега целосно ја разбирам. Фала му на Бога, син ми е послушен, добро спие и обврските околу бебето, дали дење или ноќе, не ми се тешки. Штом се разбуди веднаш реагирам и брзо го заспивам. Се адаптиравме, па и јас спијам кога спие бебето. Во меѓувреме завршувам други обврски, но бебето ми е приоритет.
– Само кога е потребно некој ми помага околу бебето. Не можам да кажам дека немам помош, но сама ги завршувам сите обврски околу син ми. Не сакам да се одвојувам од него, но во секое време му подарувам љубов и внимание. Секако, мајка ми е секогаш мојот најдобар советник и нејзината помош вреди злато – додаде Кораќ.
– Имав среќа што научив се што е поврзано со капење на бебето од вистински професионалци, па немав страв. Научив сè брзо. Обврските околу син ми не се тешки, напротив уживам да го бањам, менувам пелени и облекувам. Секоја минута ми е забавна, убава, магична, исто како него.
-Имам помош во кујната, но можам и да зготвам ручек и едвај чекам бебето да почне да јаде цврста храна. И тогаш само ќе готвам – истакна поранешната реалити ѕвезда.