Дом и семејство
Копија на мама: Еве како изгледаат денес синовите на Тања Савиќ- помина низ пекол за да ги врати во Србија! (ФОТО)
Конечно е со нејзините деца...
Пејачката Тања Савиќ пред неколку дена го прослави својот 38 роденден, па доби низа честитки од своите фанови, пријателите, членовите на семејството и колегите.
Наместо гламурозна прослава, популарната пејачка одлучи да го помине роденденот со нејзините најмили, синовите Максим и Ѓорѓе од кои беше разделена година и пол.
„Мојот прекрасен ден денес со моите момчиња“, напиша Тања во описот на фотографијата направена во картинг центар.
Максим има дванаесет години, Ѓорѓе е две години помлад. Момчињата живеат со мајка им во Смедерево од пред две години, кога таа ги донесе од Австралија. Во близина е Радинци, селото во кое живеат родителите на Тања, па нејзините мајка и татко доаѓаат да и помогнат кога таа е на настапи.
Да потсетиме, поранешниот сопруг на Тања, Душан Јованчевиќ, самоиницијативно ги однел децата во Австралија и ги спречил да стапат во контакт со нивната мајка. По напорната битка за старателството, пејачката успеала да ги врати децата во Србија.
Поминува низ уште еден тежок период
Во медиумите веќе извесно време се шушка дека пејачката Тања Савиќ повторно е заљубена а тоа го потврди и самата таа во неколку наврати потенцирајќи дека не би сакала пред јавноста да открива детали за приватниот живот.
Но како што открива Ало.рс наводно пејачката Тања Савиќ е во врска со момче кое е 11 години помладо од неа.
Во прашање е извесен Мухамед Б., покрај кого пејачката заборавила на својот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ, со кој како што е запознаена јавноста имаше големи проблеми.
Но и покрај тоа што и самата истакна дека заслужува да биде среќна по целата агонија низ која минуваше, сепак Тања повторно наиде на пречка.
Наводно нејзините родители не го прифаќале новото момче со кое Тања е во емотивна врска веќе неколку месеци, а колку е сериозна работата покажува и фактот што поради неа Мухамед се преселил од Америка во Белград.
– Точно е дека Тања има ново момче Мухамед и дека е 11 години помлад од неа. Тој е од Бјелина, а живее во Америка. Тие се запознаа во Америка кога таа беше на турнеја минатата година. После тоа биле во секојдневен контакт, тој навистина ја засакал – раскажал за Република извор близок на пејачката.
Тања и Мухамед врската ја официјализирале пред неколку месеци, но пејачката не сака јавноста да дознае за тоа, а исто така се плаши и од нејзиниот поранешен сопруг.
– Мухамед е многу внимателно момче и брзо го освои срцето на Тања. Отпрвин се двоумела дали да стапи во врска со него, но потоа и таа се заљубила. Колку е сериозна нивната врска и колку тој се грижи за неа говори и тоа што тој во Белград дојде поради Тања. Живее во близина на центарот и сега го запостави бизнисот бидејќи многу време поминува во нашиот главен град. Тие двајца не се разделуваат, дури и ја придружува на настапи, но поради медиумите доаѓаат одвоено.
-Токму кога помисли дека се е во ред и кога му го претставила Мухамед на семејството, наишла на нов, неочекуван проблем. Она што е многу интересно е дека нејзините родители се против врската бидејќи тој е муслиман. Тоа воопшто не и пречи на Тања и се обидела да ја убеди мајка си Живана да го прифати нејзиниот нов партнер, но таа не сака ни да слушне за него. Живана отишла дотаму што поради Мухамед се скарала со својата ќерка. Нејзините родители навистина ја штитат и таа од нив крие дека се уште се заедно – заклучил изворот.