Кафе муабет
До 25 март овие хороскопски знаци ќе заработат брдо пари: Дополнителни приходи, нова работа се одлична можност
Ќе се среди финансиската состојба...
Пред нас е возбудлива астролошка недела, бидејќи на 21 март не очекува Млада Месечина во Овен, но и влегување на Марс во знакот на Рак, што ќе влијае на финансиската состојба на хороскопските знаци.
Младата месечина на 21 март во знакот на Овен ни носи можност за нови почетоци. Затоа, ако треба да донесете одлука за финансиски трансакции, најдобро е да почекате до овој датум.
По седум месеци, Марс ги напушта Близнаците и влегува во Рак, па доаѓа до голема промена на фокусот кон семејните вредности.
Ако се прашувате кој хороскопски знаци ќе имаат парични добивки до 25 март, тоа се Близнаци, Овен, Риби и Бик.
БЛИЗНАЦИ
По седум месеци доаѓа подобар период за вас. Влегувањето на Марс во втората куќа укажува на подобрување на финансиската состојба и конечна можност за поголема заработка. Не е исклучено да добиете можност за подобро платена работа.
ОВЕН
Венера во Бик ја подобрува вашата финансиска состојба. Во наредниот период ќе добиете вреден подарок и ќе вложите пари во модни детали. Имате шанса да создадете ново деловно партнерство кое може да ви донесе профит.
РИБА
Планетите во Овен ви носат дополнителен приход. Нема да морате да се грижите за пари и ќе имате поголеми трошоци, но тие пари лесно ќе ги вратите.
БИК
Венера jа подобрува вашата финансиска состојба. Меркур во Овен ви носи дополнителен приход преку дополнителна работа. Ќе имате дополнителен извор на приход, но тоа ќе биде хонорарно.