Кафе муабет

Вистински џентлмен: Драгана Мирковиќ се пофали со чанта од 4 илјади евра- секоја жена би посакала да ја има

Драгана е среќна жена...

Фолк пејачката Драгана Мирковиќ редовно привлекува внимание со својот приватен живот.

фото принтскрин

Без разлика дали станува збор за модна комбинација, настап, патување, роденденска забава, прослава итн. Драгана секогаш е интересна тема за медиумите но и за јавноста.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Дека пејачката ужива во луксузот и во скапоцени работи, како и домот во кој престојува покажуваат разните фотографии и видеа кои ги споделува на својот профил на Инстаграм.

фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Овој пат, по повод Меѓународниот ден на жената, Драгана се пофали со скапиот подарок што го доби од сопругот Тони Бијелиќ.

фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Имено, на стори приказната на Инстаграм, таа објави видео на кое се гледа подарок од престижниот бренд Луи Витон. Пејачката доби прекрасна чанта чија цена се движи и над 4 илјади евра.

фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

„Благодарам љубов, напиша таа во описот на видеото.

фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Драгана не крие дека покрај Тони се чувствува среќна и исполнета.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Во брак сме 21 година, но секако имаме некои мали несогласувања. Тој е слчен на мене, но понекогаш му доаѓа преку глава од мојата флегматичност, бидејќи јас секогаш велам: „Остави, немој…“, а тој не може да поверува дека секогаш сум таква, па ми вели: „Уште колку ќе трпиш“. Понекогаш молчам, се кријам и плачам, наместо да кажам нешто. Порано многу плачев, сега многу помалку, но секогаш ме погодува лага во медиумите. Му реков на Тони: „Ако се сменам и повеќе не ме допира, нема да бидам јас“. Драгана не може да постои без емоции, секогаш мислев дека не е добро се да чувам за себе, но морам да признаам дека сум многу посилна од претходно – истакна Драгана Мирковиќ неодамна.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

–Првата пауза што ја имав кога се омажив, беше кога дојде Марко, па Мануела, поради нив направив пауза, барем по цена да ме заборават, но беше посилно од мене. Но, моите обожаватели не ме заборавија, ме повикаа да снимам нови песни, а сфатив и дека ми недостига музиката – признава Драгана.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Паузирав и во деведесетите, тоа беше исто така многу тежок период во мојот живот. Мислев дека нема да можам да го издржам сето тоа, нема ни да се сеќавам на сето тоа, но поминав како најпопуларна во тоа време, што ми е чудно денес – заклучи Драгана Мирковиќ во емисијата „Премиера – Викенд специјал. “.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

За Тони вели дека е човек сличен на неа и токму тоа и требало во животот.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Со него се ми беше полесно, секако, кога знаеш дека имаш своја оаза на мирот, се е полесно. Кога имаш семејство покрај себе, сите рани зараснуваат. Не само што запознав добри луѓе во кариерата, имаше и лоши, туку со нив научив дека некои работи не ме повредуваат толку како порано. Не е лесно бракот да се држи подалеку од јавната сцена, а замислете кога имате луѓе кои сакаат да ви ја расипат идилата. Имаше луѓе кои сакаа да не разделат, имаше приказни, натписи… Но ние сме како едно, невозможно е да не разделат. Имав среќа да најдам личност слична на мене искрена е фолк ѕвездата.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close