Дом и семејство

Најубави вести пристигнаа од домот на Александра и Филип: Сите се пресреќни, пејачката не може да крене глава од честитки

Александар славеше роденден...

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ вчера имаа голема причина за славење бидејќи пред точно 4 години на свет дојде нивниот син Александар и со своето раѓање го исполни семејството со многу љубов и среќни моменти.

фото инстаграм/ Александра Пријовиќ

Веднаш по полноќ почнаа да се редат честитките од пријателите и следбениците, кои му посакуваа се најдобро на малиот Александар а пејачката сподели и видео снимено од нејзините обожаватели, од кое беше целосно воодушевена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandraprijoviic)

Имено, видеото наизменично се менува и прикажува дел од нивните заеднички семејни фотографии и најубавите моменти кои јавноста имаше можност да ги види овие 4 години.

фото принтскрин

Иако официјално ниту Александра, ниту Филип, ниту другите членови на нивните семејства не најавија дека ќе има прослава по овој повод, веруваме дека тие уживаа во овој ден далеку од очите на јавноста со цел целото внимание да го посветат на роденденското момче.

фото принтскрин

Потсетуваме, Пријовиќ во неколку наврати зборуваше за тоа како ужива во улогата на мајка и не крие дека секоја разделба со синот и е тешка.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Сè е потешко. Александар сега зборува и поставува прашања каде одам, зошто одам… Се обидувам да му објаснам дека одам на работа и брзо ќе се вратам, но секогаш ми е жал што го оставам. Ми вели: „Мамо, ќе пееш? И јас сакам да пеам“, верувајте ми е многу тешко. Почнува и да плаче затоа што е навикнат да спијам со него. Едноставно, последнава година бевме цело време заедно и сега се навикнува на тоа дека мама мора да оди – изјави тогаш Александра.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close