Кафе муабет
Кејт Мидлтон во најелегантното издание до сега: Се појави во преправен фустан кој го носеше во 2019 година и ги собра сите погледи- ЕВЕ ЗОШТО Е ОМИЛЕНА (ФОТО)
Кејт носеше балска тоалета од Александар Меквин...
Ја видовме во овој фустан за прв пат во 2019 година и на истиот настан!
Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам присуствуваа на доделување на филмските награди БАФТА во Лондон, а како и секогаш Кејт ги собра сите погледи.
Имено изгледот на Кејт веројатно веќе им е познат на љубителите на кралската мода и кралските модни изданија.
Двојката беше меѓу последните присутни кои пристигнаа во центарот Саутбанк во Лондон пред да започне доделувањето на наградите, а на црвениот тепих во тој момент сите се вртеа по нив.
Кејт носеше балска тоалета од Александар Меквин со едно рамо, долга до подот, која претходно ја носеше на истиот настан, БАФТА наградите во 2019 година.
Но, Кејт овој пат го дизајнираше фустанот сосема поинаку, додавајќи долги црни ракавици и црна вечерна чанта. Цветните детали на рамената видени во 2019 година се заменети со елегантна трака што паѓа по левата страна на телото.
Висечките обетки со цвеќиња беа вистинско освежување на изгледот на принцезата, која сме навикнати да ја гледаме со дијамантски обетки, а ќе ве воодушеви фактот што овие обетки се од познатиот шпански бренд – „Зара“, инаку еден од Омилените брендови на Кејт. Тие се достапни за онлајн купување во овој момент и чинат 18 фунти.