Кафе муабет
Во шорцеви и кратка маица снимаше видео за фановите – ИЛИНА АРСОВА НИКОГАШ ПОЗГОДНА ГО ПОКАЖА СВОЈОТ ДОМ ВО АМЕРИКА
Никогаш позгодна...
Илина Арсова е родена во 1982 година во Скопје. Таа е позната македонска уметница и алпинистка.
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
Основното и средното образование ги завршила во Скопје, а во 2005 дипломирала на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
Во 2005 станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
Во 2008 година магистрирала на Јазици, бизнис и меѓународна трговија на Универзитетот Св Кирил и Методиј и Универзитетот Орлеан (Франција).
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
Како ликовен уметник реализира над десет самостојни изложби во Македонија и во странство, а учествува на истакнати групни изложби и биеналиња.
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина Арсова станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
Уште од првиот ден кога објавија дека се во врска, познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов и познатата алпинистка Илина Арсова станаа омилени во јавноста.
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
„Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови“ рече во една прилика Илина.
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
Таа веќе неколку месеци го живее својот сон. За заминувањето на докторските студии, вели дека добила неизмерна поддршка од блиските, а меѓу нив секако и Игор Џамбазов, нејзиниот партнер. Кога чувствува носталгија за дома, Илина тоа го искажува на нејзин, специфичен начин, на Инстаграм, поинаков од Игор кој создаде своја дијагноза, нарекувајќи ја Илинопатија. Илина за Женски магазин раскажа за предноста на студиите во Тенеси, и за патувањата кои ѝ се приоритет.
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
Додека пак, во неговото последно интервју за Слободен печат, Џамбазов открива дека далечината си го направила своето.
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
„Да, тоа е огромен проблем. Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов.
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, раскажува Игор за „Слободен печат“.
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
Илина неодамна на Инстаграм сподели ново видео за нејзините фанови и го покажа нејзиниот дом во Тексас каде што живее сега.
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
Таа во видеото сподели фитнес вежби на барање на оние кои ја следат.
Облечена во кратки шорцеви и маичка Илина е навистина мотивација за сите оние кои сакаат да вежбаат!
Никогаш не изгледала позгодно!
Фото:Инстаграм/Илина Арсова