Бременост

Забременила на 55 години, пред неколку дена роди син а жените остро ја критикуваа поради таа одлука- ГИ МОЛЕЛА ДА ЈА ОСТАВАТ НА МИР

Лука донесе среќа во семејството...

Кога Клаудија Раиа објави дека е бремена многумина помислија дека тоа не е возможно токму поради нејзините години. Имено 56-годишна мајка и самата мислела дека лекарите се шегуваат кога и рекле да направи тест за бременост. Но, излезе дека Клаудија забременила на 55 години сосема природно, и покрај нејзината возраст.

фото инстаграм/Клаудија Раиа

Клаудија е мајка на три деца а пред неколку дена го роди малиот Лука. Таа ги родила своите први две деца пред повеќе од 20 години и била запрепастена од наодот на нејзиниот лекар дека третото дете е на пат.

фото инстаграм/Клаудија Раиа

– Кога докторот ми побара да направам бета, тест на крвта за бременост, јас реков: ‘Душо, навистина си луд. Од каде ја доби идејата? Имам 55 години’. Отидов во аптека, купив Clearblue, не издржав. Тој рече „Морам да направам тест“ – тест што го прават сите – како да чекам ден и половина за резултатот од тестот на крвта? Не можам да издржам. Потоа направив тест и беше позитивен. Не ми беше јасно, сепак имам 55 години.

фото инстаграм/Клаудија Раиа

Бразилската актерка – која е позната во нејзината родна земја – е во брак со колегата Јарбас Хомем де Мел и ова е нивното прво заедничко дете. Лука дојде на светот, тежок речиси три килограми, на 11 февруари.

Другите деца, Енцо Целулари (25) и Софија Раја (20) се од претходниот брак.

фото инстаграм/Клаудија Раиа

Клаудија ги замрзнала јајце клетките на 48 години, но лекарите ѝ кажале дека менопаузата започнала на 50 години и дека нема шанси да има уште едно бебе. Дури и таа и Џарбас решија да се обидат да имаат бебе преку ИВФ во 2021 година, но не успејаа да добијат трето дете.

фото инстаграм/Клаудија Раиа

Меѓутоа, лекарот подоцна и рекол дека повторно почнала да овулира и дека треба да внимава „да не забремени“ и покрај нејзината возраст. Исклучително ретко се случува жените над 50 години да забременат по природен пат, а жените над 35 години се смета дека имаат геријатриска бременост.

Според NHS, и мајките и бебињата се соочуваат со зголемен ризик од компликации поврзани со бременоста и здравствени проблеми како што стареат жените.

фото инстаграм/Клаудија Раиа

Ова се должи на стареењето на репродуктивниот систем и зголемената веројатност за општи здравствени проблеми кои доаѓаат со возраста, како што е висок крвен притисок.

фото инстаграм/Клаудија Раиа

Постарите мајки, исто така, може да се соочат со поголеми ризици во породилната сала, како што се продолжено породување, породување со царски рез или раѓање на мр.тво дете.

Сепак, бременоста кај жените над 50 години стана почеста во последниве години поради напредокот во технологијата за вештачко оплодување, пренесува The Sun.

фото инстаграм/Клаудија Раиа

Клаудија ја објави веста за својата бременост на своите 8,6 милиони следбеници на Инстаграм минатиот септември. Таа сподели видео од неа и нејзиниот сопруг Џарбас како танцуваат пред да покажат позитивен тест за бременост.

Клаудија, ги молела жените да „имаат поголема емпатија“ за време на ТВ интервју во Бразил кога зборувала за некои од реакциите што ги добила.

фото инстаграм/Клаудија Раиа

Само неколку месеци подоцна, таа ги објави среќните вести на својот Инстаграм профил:

фото инстаграм/Клаудија Раиа

– Лука пристигна во саботата навечер да не просветли! Тој пристигна на 11 февруари и веќе го зазеде својот простор. Оттогаш, светот доби нова боја за нашето семејство. Преплавени сме од среќа и љубов! Добредојде Лука!

Клаудија ја започна својата шоубиз кариера како танчерка во Америка откако се пресели од Сао Паоло, Бразил. Таа стана позната во 1985 година кога се појави во бразилско ТВ-шоу во ударен термин.

фото инстаграм/Клаудија Раиа

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close