Кафе муабет
Автобус и ја откина раката, преживеа 22 операции: Српската водителка никогаш посреќна: Објави убави вести- честитки добива од сите страни
Конечно може да ја користи левата рака...
Водителката на „Пинк“ Деа Ѓурѓевиќ пред четири години доживеа страшна сообраќајна несреќа на Дедиње и во таа прилика имала тешка повреда на раката, која автобусот ја откинал кога удрил во неа.
Деа пред неколку дена направи уште една интервенција на раката, четири години по страшната сообраќајна несреќа.
Во 2019 година доживеала сообраќајна несреќа на Дедиње и во таа прилика имала тешка повреда на раката, која автобусот ја откинал кога удрил во неа.
Деа се огласи по интервенцијата и воедно откри дека психички не била подготвена за уште една операција но покажа дека и понатаму е оптимист и насмеана, за што има голема причина.
– Драги мои луѓе, ви благодарам на сите за вашата огромна поддршка. Вчера проф. Д-р Марко Бумбаширевиќ ја оперира раката и конечно ја отстранивме ортозата. Ова беше многу тешка операција што само тој може да ја направи во Европа. Ми требаше долго време психички да се подготвам за новата интервенција и сега се чувствувам фантастично – започна Деа на Инстаграм и додаде:
– Бескрајно сум благодарна на д-р Бумбаширевиќ што можам да ја користам раката и што ќе ја користам во полн капацитет. Го направи невозможното. Магија. Ви благодарим за прекрасната грижа и сите насмевки. И го преживеавме ова. Сега уште посилно. Кога е најтешко, тогаш најмногу се смееме и најтешко се бориме. Се гледаме утре наутро на РТВ Пинк. Бидете безбедни – напиша таа.
-Едвај чекам да си ја врзам косата, пред да отидам на операција се плашев да не се разбудам на респиратор. Во средата се оперирав, а во петок ја водев Утринската програма – вели Деа Ѓурѓевиќ за српски Информер.
Деа Ѓурѓевиќ вели дека после четири години конечно ќе може да ја користи левата рака!
– Не бев психички подготвена за нова интервенција. Одењето во болница ми ги врати сликите од 7 февруари, кога имав сообраќајна несреќа. Но, докторот успеа да ме убеди дека се ќе заврши добро. И навистина сè испадна како што треба. Пред да одам на операција, се плашев да не се разбудам на респиратор, не можејќи да станам и да зборувам. Но, не беше така. Бев во болница еден ден, истакна Деа.