Дом и семејство
Мирко Шијан го покажа наследникот: Оваа фотографија растопи многу срца- послатко нешто не сте виделе
Ужива во времето поминато со синовите...
Бојана Шијан, сопругата на Мирко Шијан, неодамна се породи и по вторпат роди машко дете на кое родителите му го дадоа името Вукан.
Вукан е машко име од старословенско потекло. Во време кога се верувало дека имињата имаат магично дејство, на момчињата им го давале името Вук или Вукан за родителите да ги исплашат „злите духови“ со името на потомството и на тој начин да го спасат од болест и см.рт.
Веднаш по породувањето следуваше голема прослава во домот на Гоца Божиновска која не крие колку е среќна и моментално е најгордата баба.
По напуштањето на породилиштето Бојана ја пречекаа новинарите и таа ги сподели првите впечатоци а откри на кого личи малиот Вукан.
– Добро сум благодарам. Вукан личи на мајка му – изјави Бојана.
Малиот Вукан беше најубавиот подарок за баба Гоца Божиновска која на роденденот го доби вториот внук па веднаш се пофали.
– Јас сум одлично, никогаш подобро и никогаш поубаво. На роденден добив внук, го добив најубавиот подарок што можеше да ми се случи – рече Гоца, а потоа откри како нејзината снаа Бојана се справила со породувањето:
– Снаата е супер. Мојот змеј! Се е во ред, таа се породи природно. Бебето е супер, супер е таа, се е десетка изјави Гоца.
Гордиот татко Мирко Шијан не крие колку е среќен што неговата сопруга му подари на семејството два сина па тоа го сподели и со своите следбеници.
Имено Шијан ги разнежни сите со својата најнова објава.
Мирко не ја крие среќата и радоста кога го поминува времето со новородениот син, па често тоа го споделува со своите следбеници на социјалните мрежи.
Тој сподели фотографија на која се гледа малиот Вукан како спие во своето стилизирано креветче во облик на ангел на кое е испишано презимето Шијан.
Неодамна Мирко сподели фотографија од двајцата наследници и она што ги остави сите без зборови е поголемиот син кој слатко го ѕирка своето братче.
Таа глетка им ги стопи срцата на многумина.