Кафе муабет
Љубовницата на Душко Тошиќ си фати нов фраер? Ќерката на Жељко Шашиќ во врска со овој познат фудбалер
Таа ја крие љубовта...
Ќерката на Жељко Шашиќ, Софија често се појавува во медиумите.
Младата дизајнерка Софија Шашиќ беше во центарот на медиумите кога излезе веста дека е во тајна врска со Душко Тошиќ.
По овие написи не се огласија ниту Софија, ниту Душко а во оваа прилика прв даде изјава нејзиниот татко, пејачот Жељко Сашиќ, кој се зачудил кога го слушна прашањето. А потоа се огласи и мајката на Софија, Соња, која за Informer.rs истакна дека информацијата за врската на нејзината ќерка со фудбалерот била нечија невкусна шега.
– Сите тужби се поднесени, така што нема потреба од дополнителен коментар. Ако сакате да напишете нешто за мене, мојата работа и брендот, јас сум секогаш тука – истакна неодамна Софија.
Наводно Софија и 15 години постариот Душко имале тајна врска неколку месеци, па дури за тоа дознала и неговата сопруга.
– Софија уште од мала е навикната на удобен живот. Сака патувања, брендирана облека, оди на популарни места и иако е многу млада, живее на висока нога. Сите момци досега биле ситуирани и и обезбедиле животот каков што сака – рекол изворот за „Ало!“ на самиот почеток и открил како настанала емотивната врска меѓу Душко и Софија.
Мајката на Софија, Соња долги години е пријателка со сопругата на Душко. Тие двајца во неколку наврати се најдоа во исто друштво и потоа си се допаднаа. Секако, Софија знаела дека тој е оженет, па не сакала лесно да влегува во врска со него. Душко е 15 години постар, оженет, има две деца… истакна тогаш изворот.
Имено Софија тргна по стапките на својата мајка и ја започна својата кариера во светот на модата.
Како што е веќе познато, таа има своја модна линија, а ја поврзуваа и со познати мажи од нашата јавна сцена.
Убавината ја наследила од мајка си а секојдневно на својот Инстаграм профил објавува фотографии кои ја воодушевуваат јавноста.
Меѓутоа, нејзиниот приватен живот долго време беше предмет на шпекулации, а сега конечно стави крај на сите шпекулации и го откри своето ново момче.
Станува збор за поранешниот фудбалер Милан Перендија. Тој често објавува заеднички слики на Инстаграм, додека Софија, пак, е резервирана кога се социјалните мрежи во прашање.
Како што пренесуваат медиумите, тие уживале на заедничко патување во Барселона, а потоа заминале на Златибор.
За потсетување, Софија пред Перендија била во кратка врска со фудбалерите Немања Радоњиќ, а потоа и со Бранко Јовичиќ, како што пренесуваат некои медиуми.
Новото момче на Софија Шашиќ не ја крие љубовта меѓу нив двајца, а кога Софија ќе ја потврди оваа љубов на социјалните мрежи останува да видиме.