Кафе муабет
Се ожени Фарук од „Истанбулската невеста“: По два пропаднати брака и љубовната драма среќата ја најде во оваа убавица (ФОТО)
Тој на Инстаграм ја објави среќната вест...
Познатиот турски актер Озџан Дениз во Макеоднија се прослави по улогата на Фарук од серијата „Истанбулска невеста“.
Имено Озџан е актер, пејач, композитор, писател и режисер. Роден е на 19 мај 1972 година, зад себе има неколку забележителни улоги, но тој (пре)често е во центарот на вниманието поради приватниот живот.
Така беше и овој пат. Озџан Дениз реши по трет пат да си ја проба среќата и стапи во брак со Самар Дадгар.
Со својот нов брак ги полни страниците на медиумите во Турција и странство а тој очигледно верува во љубовта, но и во институцијата брак, па решил повторно да се жени и покрај два пропаднати брака.
Ова е трет брак на овој турски актер. Озџан прво беше во брак со Хандан Дениз. Тој брак траеше од 1992 до 2003 година, кога се разведоа.
После тоа „застана на лудиот камен“ со Фејза Актан. Неговиот втор брак траеше една година, од 2018 до 2019 година и го одбележаа не толку убави работи. Од овој втор брак има едно дете, син.
Покрај бројните расправии што наводно настанале заради неконтролираното трошење на пари од страна на поранешната манекенка, актерот сега тврди дека таа не ги исполнувала ни мајчинските обврски кон нивниот син Кузеј. Но ако можеме да им веруваме на турските медиуми, ѕвездата од „Истанбулска невеста“ и неговата поранешна сопруга уште ќе се сретнуваат на судот, и тоа затоа што Фејза за времето поминато со него бара 15 милиони фунти.
Иако нивната љубов по само 15 месеци брачен живот доби епилог на суд, овие поранешни љубовници веќе подолго време се во војна.
Таа го пријави за физичко насилство и обвинителството за него бараше минимална затворска казна од шест месеци.
Фејза рече дека Озџан ја претепал неколку пати, а тој сето тоа го негираше и истакна дека тоа не е вистина. Како доказ за своите обвинувања, манекенката прикажала болнички наоди од јуни 2019 година, кои велат дека била полесно повредена.
По обвинувањата на неговата поранешна сопруга за насилство, се случи пресврт и се појавија снимки каде таа го удира Дениз и му ја кине облеката пред куќата кога тој дошол да го види синот.
Двојката се разведе по само 15 месеци брак, што ја изненади јавноста. Турските медиуми претходно објавија дека актерот ја избркал сопругата од дома затоа што не можел да ја поднесе, а минатата година поднел тужба против Фејза бидејќи не му дозволила да се види со синот.
Сепак, познатиот турски актер продолжи понатаму, па сега утеха најде во новата сопруга Самар Дадгар со која се ожени пред неколку дена. За тоа на големо се зборува а како доказ се појавија првите слики од свадбената церемонија.
Самар, исто како и неговата поранешна сопруга Фејза, е значително помлада од Озџан. И покрај противењето на неговата мајка Кадрија, која веројатно стравува дека ќе му се случи истото како со Актан, Дениз реши повторно да го каже судбоносното „да“. Двојката беше во врска околу година и пол, пред да решат да ја официјализираат врската со венчавка на приватна церемонија во Зекеријакој.
Дали овој пат ќе има среќа- останува да видиме…