Кафе муабет
Драгана Мирковиќ замина во Холивуд и заврши во прегратките на познатиот актер: Откри се за нивното пријателство
Тие се многу добри пријатели...
Фолк дивата Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ пред неколку дена пристигнаа во Америка каде пејачката во наредните недели ќе имаат концертна турнеја, а прва дестинација им беше Холивуд каде ги пречека нивниот долгогодишен пријател Жан Клод Ван Дам.
Филмската ѕвезда, во манир на добар водич, се потруди да ги пречека Драгана и Тони и им ги покажа знаменитостите, меѓу кои и легендарниот Кинески театар и Булеварот на славните.
Драгана и Тони уживаа во посета на фабриката за соништа, а друштво им правеше познатата танчерка и актерка со украинско потекло Марина Мазепа.
Првиот концерт Драгана ќе се одржи на 3 февруари во Феникс, од каде што се сели во Њујорк, а невиден е интересот за целата американска турнеја на фолк-кралицата која ќе одржи шест концерти.
И самата Драгана ја сподели фотографијата на социјалните мрежи и потврди дека тие се големи пријатели со познатиот холивудски актер.
Пред извесно време Драгана за прв пат откри дека решила да ја одбие понудата на холивудскиот актер Жан-Клод Ван Дам кој и понудил да глуми во неговиот филм.
– Сакав да прекинам се за време на короната бидејќи сум одговорна личност. Не е лесно да се поседува телевизија и да се биде ѕвезда, бидејќи сè што се случува оди преку мојот грб. Ако некој е лут, лут е на мене, нешто се случува, и јас сум виновна. Затоа треба да бидам педесет пати повнимателна од кој било сопственик на ТВ. Поради короната решив да не правам емисии затоа што сакав да избегнам опасност, но и да ги спасам моите работници пред се. Сега конечно почнавме повторно да се дружиме.
Веќе е познато дека Драгана е добра пријателка со актерот Жан Клод ван Дам, и за Србија Данас откри дека тој и понудил улога во негов филм но таа одбила.
– Имав можност да снимам дует со големи светски ѕвезди и да се појавувам во филмови. Жан-Клод ван Дам веќе ми понуди сериозни работи, но не сакам да ги злоупотребувам тие познанства. Тој ми понуди да се појавам во неговиот филм, како и да снимам дует на француски, но јас реков дефинитивно не! Не му треба него тоа, сакаше да го направи тоа за мене.
– Ван Дам е неверојатен човек, многу го сакаше моето семејство и ние сме одлични пријатели, а нè претстави и на сопственикот на Fashion TV. Луѓето од светскиот џет-сет се многу поприземни од нашите. И Ван Дам знае повеќе отколку што треба за мојата пејачка кариера – изјави Драгана во емисијата „Прв ред“.