Кафе муабет

Ноне Неделковска позираше во бикини и порача – ,,МНОГУ СУМ ПРЕБИРЛИВА, А СЕКОГАШ ГО БИРАМ ПОГРЕШНИОТ’’

Се пожали од плажа на Кајманските Острови...

И покрај успешната кариера која ја имаше во Македонија како пејачка, Ноне Неделковска сепак реши да пресече со музичката кариера и да замине во потрага по подобар живот.

Со музика започна да се занимава уште како многу мала. Првиот настап го имала на детскиот музички фестивал Златно славејче во 1995 со песната „Каубои смели“.

Таа учесвуваше и во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде на крајот го освои второто место.

Но, шоубизнисот го замени за динамична работа, односно започна да работи на брод во Америка.

Иако долго време не е дел од естрадата во земјава, публиката и понатаму ја памети, а нејзините хитови и понатаму се пеат.

Ноне постојано е активна на социјалната мрежа Инстаграм и тами често споделува фотографии од дестинациите кои ги посетува благодарение на нејзината работа.

Ноне објави нови фотографии  на Инстаграм како ужива во кристалните води на Кајманските Острови, а во описот напиша нешто кое го задржа вниманието на нејзината публика:

„Оваа мала госпоѓа сака врска, но сака и да биде сингл. Сака да има врска која ќе заврши со брак, но завршува со мажи што се емотивно недостапни. Обично сум многу пребирлива, а секогаш успевам да го изберам погрешниот’’, напиша Ноне под фотографииите.

Ноне постојано посетува фантастични места и навистина знае како се ужива во животот.

Секоја чест!

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close