Кафе муабет
Четири години не се појави во јавност, не присуствуваше ниту на најважните моменти на Живојиновиќ: Еве како изгледа сега Стефан синот на Брена и Боба
Воопшто не се променил...
Синот на Брена и Боба, Стефан Живојиновиќ во 2019 година донесе неочекувана одлука и буквлно ја шокираше јавноста.
Тој преку јавна објава соопшти дека се повлекува од естрадата и воопшто од јавниот живот, многумина тоа го сфатија како шега или привремено решение за младиот музичар кој не се снашол добро во светот на познатите.
За жал на многу фанови, особено на женскиот дел од публиката, постариот син на Лепа Брена беше повеќе од сериозен за секој збор што го кажа и веќе четврта година не се појавува во јавноста па не може да се забележи дури ни на оние големи прослави на семејството Живојиновиќ. Стефан максимално ја почитува одлуката да стои подалеку од јавниот свет.
Одлуката на Стефан била радикална до тој степен што не им дозволил ниту на папараците да го фотографираат, па затоа избегнувал семејни собири кои ги покриваат медиумите, промоции на песните на мајка му или новиот бизнис поврзан со чорапи, не сакал да позира. дури и на заеднички фотографии од одмори, а ги игнорираше и социјалните мрежи.
Наследникот на Брена и Боба се посвети на сосема поинаков бизнис, препродажба на витамини, што му оди многу добро, и го пронајде својот мир.
Имено, младиот Живојиновиќ сега на „Твитер“ објавил своја фотографија, а во описот ставил знак од црна детелина со три листови па јавноста конечно можеше да види како изгледа по четири години.
Јавноста е запознаена со тоа дека Стефан беше киднапиран, а неговата мајка Лепа Брена ретко зборува за тој немил настан. Сепак, најмногу и пречи што и по повеќе од дваесет години тој мрачен настан не е расветлен.
На 28 ноември 2000 година пејачката и нејзиниот сопруг Боба успеале да го вратат синот од канџите на киднаперите, а веќе следниот ден заминале во странство, обидувајќи се максимално да ги залечат последиците од траумата.
Брена, како и нејзиниот син, ретко зборуваше за тие денови во јавноста, но во своите изјави на оваа тема секогаш нагласуваше дека е огорчена што киднаперите на Стефан никогаш не биле изведени пред лицето на правдата.
– Сите други киднапирања се разоткриени, но не е утврдено кој го направил тоа на моето дете! После тоа веќе не се плашам од ништо. Секако дека денес имам обезбедување, тоа се професионални луѓе кои не се гледаат, но точно знаат што да прават. Тој страшен настан остави трага во нашите души засекогаш, суштински менувајќи ги. Откако ми го одзедоа синот, ништо материјално нема значење за мене. Ништо што може да се купи со пари не ми е важно – истакна еднаш пејачката.