Кафе муабет

Таа најдобро знае колку славата боли: Важеше за една од најубавите актерки, беше мис на Турција, сите мажи ја изневерија- се бореше со депресија а еве како изгледа денес

Џансу се уште го бара вистинскиот...

Џансу Дере (42) несомнено беше најдобриот избор за улогата на Асја во серијата „Неверство“, улогата на измамена жена која е подготвена на се за да открие која е љубовницата на нејзиниот сопруг.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Приватниот живот на оваа убавица е толку турбулентен што ниту една сапуница не би и била рамна.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Најмногу била разочарана од врските кога во 2009 година требало да се омажи за турскиот комичар Џем Јилмаз, но тој се вљубил во нејзината најдобра пријателка Аху Јагта, со која Џансу учествувала на ревии на почетокот на нејзината кариера.

Фтоо Инстаграм/ Џансу Дере

Тој се оженил со неа и добиле дете но среќата не траела ниту три години. По распадот на бракот Џем  се обидел да се врати кај неа,но таа повеќе не ни размислувала за тоа.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

– Поради тоа плачев со денови. Бев изневерена, повредена и ништо не можеше да ме расположи. Бев на дното. Моите пријатели работеа напорно околу мене, постојано ме изнесуваа надвор, се обидуваа да ме насмеат и расположат, но јас тонев се подлабоко во мојата депресија, изјави тогаш таа.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Но, тоа не е единствениот љубовен крах што го доживеала. Кога стрелата на Купидон конечно повторно ја погоди и таа започна врска со нејзиниот менаџер Џем Ајдин, повторно беше изневерена.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

– Ладна сум како мраз и таква ќе останам. Некои работи не ја засегаат јавноста затоа што се приватни, па се однесуваат само на мене. Не им се оправдувам на моите родители, ниту на другите. Лажењето е толку лоша особина што не сакам да имам лажго во мојот живот. Всушност, колку побрзо тој излезе од мојот живот, толку подобро, барем според мене, рече тогаш таа.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Џансу Дере се уште ја бара својата сродна душа, но поради се што и се случи во љубовта, денес тешко се впушта во сериозни врски. Порано имала конзервативни ставови за бракот. Таа не ги поддржуваше разводите, ги сметаше за погубни, а пред брак не би се согласила да живее со маж под ист покрив.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

– Бракот е свето нешто во Турција. Многу жени влегуваат во присилни бракови, но за среќа, тоа никогаш не се случи во моето семејство. Кога ги гледам моите родители, кои се заљубиле како тинејџери, сакам да ја доживеам истата страст, почит и пријателство. Тие се најголемиот пример во мојот живот и би сакала да бидам среќна како нив. За мене е важно мојот партнер да се сложува со нив, изјави таа во едно интервју.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Денес, сепак, смета дека е прекрасно ако браковите траат, но ако треба да завршат, треба да бидете подготвени да ставите крај.

Во 2000 година ја освои титулата Мис на Турција, но поради политички одлуки не можеше да оди на светскиот натпревар.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Иако постигна успешна манекенска кариера, актерството остана нејзиниот прв избор, а скандалот не и наштети на кариерата.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Во 2014 година се нашла во големи проблеми со законот. Турската полиција ја сомничи дека соработувала со дилери на дрога и и се заканувала затворска казна. Во се бил вмешан нејзиниот колега од серијата „Езел“, Кенан Имирзалиоглу, кој бил осомничен за шверц на дрога, а од кого наводно нелегално набавувала таблети против депресија.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Кенан бил уапсен во голема полициска рација бидејќи продавал кок.аин, екс.тази, мар.ихуана и дро.га на други актери.

Џансу Дере беше поврзана со него бидејќи секој ден контактирале на телефон. Нивните разговори биле кратки и во шифри, а се гледале на тајни локации.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Џансу е доказ дека славата понекогаш знае да биде и многу болна.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере
Фото Инстаграм/ Џансу Дере
Фото Инстаграм/ Џансу Дере
Фото Инстаграм/ Џансу Дере
Фтоо Инстаграм/ Џансу Дере

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close