Дом и семејство
Азис не може да ја сокрие среќата, сподели убави вести: По пропаднатиот брак со тренерот по боречки вештини сега конечно е СРЕЌЕН
Ќе стане татко по трет пат...
Бугарската мега ѕвезда Васил Тројанов Бојанов кој на нашите простори е познат како Азис, од почетокот на кариерата до денес помина низ бројни трансформации.
Пејачот сега со своите фанови сподели среќна вест. Имено тој откри дека ќе стане татко по трет пат.
Имено, Азис во јавноста се претстави како транвестит и хом.осексуалец. Меѓутоа, сега ситуацијата е поинаква, фолкерот целосно го промени својот изглед. Сега носи брада и изгледа крајно мажествено.
Пред речиси 15 години беше во врска со Ники Китаец, а во октомври 2006 година се венчаа. Нивниот брак не бил легален бидејќи бугарскиот закон не ги поддржува истополовите бракови.
Љубовта траеше кратко па Азис се разведе и ја доби ќерката Раја во 2007 година со својата најдобра пријателка Гала.
Вистинскиот скандал во бугарската јавност се случи во 2014 година, кога самиот Ники повторно влезе во реалното шоу „Големиот брат“ и потоа откри една досега строго чувана тајна.
– Азис ме плати да му глумам дечко, а потоа да се земеме. Го интересираше само славата и поради тоа беше подготвен на се – откри Ники, кој моментално работи како личен тренер и се занимава со боречки вештини.
Трансформацијата на Азис воодушеви многумина, па во една прилика тој откри и дека долго време го негува својот вистински изглед.
– Десет години немам направено трансформации, ова сум јас, природниот изглед е новата црна боја.
Бугарскиот фолкер претходната година доби син и по втор пат стана татко.
Азис на Инстаграм објави видео од ултразвукот и откри дека по трет пат станува татко!
Честитки пристигнаа од неговите обожаватели кои со нетрпение чекаат да го видат третото дете на фолкерот.