Кафе муабет

Уште додека бил жив подготвил вреден подарок за детето на Михајло- еве што Шабан и оставил во наследство на својата внука

Тој би бил најсреќен...

Сопругата на Михајло Шаулиќ на 10 јануари ja роди ќерката Мања, а семејството Шаулиќ по тој повод организираше голема прослава која траеше до раните утрински часови.

фото принтскрин

На прославата најсреќна била бабата Гоца Шаулиќ која открила дека се поминало баш како што сакал нејзиниот покоен сопруг.

ФОТО: Гордана Шаулиќ / Инстаграм

-Сите сме во шок од среќа, Мања ни е благослов. Сигурна сум дека денес Шабан би бил најсреќниот човек на светот бидејќи отсекогаш сакал да го види Михајло исполнет во улогата на татко. Сакам да се заблагодарам на нашата семејна пријателка, доцент доктор Ивана Ликиќ Лаѓевиќ, која го водеше породувањето. Во нејзиниот тим беше и докторот Игор Пилиќ, синот на професорот доктор Жарко Пилиќ, кој ме породи мене со Михајло пред 37 години – изјави за Курир гордата баба Гордана.

ФОТО: Гордана Шаулиќ / Инстаграм

За жал, Шабан не го дочека раѓањето на внуката, ниту венчавката на синот, што беше негова голема желба, а за наследниците на Михајло приготви подарок уште додека беше жив.

ФОТО: Шабан Шаулиќ / Инстаграм

Имено, Шабан на Гордана и оставил вреден семеен дукат, кој го наменил за детето на Михајло, односно малата Мања.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Инаку, името Мања е варијанта на името Марија, преземено од руски. Марија е латинска форма на хебрејското име „Миријам“.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Како името на мајката на Исус, името има симбол на чиста и длабока љубов. Значењето на самото име не е дефинитивно разјаснето.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Според постарите толкувања, името потекнува од хебрејскиот збор „мир“ = „горко“ и „јам“ = „море“, па значењето би било „горчината на морето“. Според последните толкувања, се претпоставува дека името го добива своето значење од египетското „mry“ што значи „моја сакана“.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Колку на семејството му недостасува Шабан Шаулиќ, особено на Михајло говори и тоа што на свадбата тој му посвети емотивен говор на својот татко.

фото Ало.рс

– Михајло како што и сам напомена во неколку наврати, се уште не го преболел заминувањето на Шабан, и се чини дека сето ова му е најтешко. Татко му е постојано во мислите, вчера особено му беше тешко што не беше покрај него. Наздравуваше со гостите, а потоа со грутка во грлото му ги посвети на Шабан следните зборови:

FOTO: PINK.RS/J. MATIĆ

„Tатко мој, не можев да ја замислам мојата свадба без тебе. Не се договоривме така, нашите планови беа поинакви. Знам дека сега не гледаш и дека си среќен. Ќе бидеш тука преку твоите песни, кои оркестарот ми ги пее откако те нема“ – изјави за С.Телеграф извор од местото на настанот и додаде дека сите присутни ги полазиле морници кога пејачот по говорот ја испеал песната на Шабан:
-Кога почнаа стиховите „Ајде татко, кити ги свирачите, ќе играме уште подобро и погласно, цело маало нека чуе дека си го оженил синот“, се расплака Гоца и ги прегрна младенците. Ниту на Илда, ниту на Санела не им беше ништо помалку тешко, но тие издржаа сè и уживаа во безвременските хитови на нивниот татко.

FOTO: PINK.RS/J. MATIĆ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close