Кафе муабет
,,ТОЈ Е ЧОВЕК КАКОВ ШТО НЕ СЕ РАЃА СЕКОЈ ДЕН’’ – Пејачката Елена Ристеска објави емотивна фотографија
Тој е многу важен за неа...
Како дел од музичкото шоу М2 пејачката Елена Ристеска успеа да изгради кариера и денес е едно од најпознатите музички имиња во земјава.
Нејзиниот деби сингл „Она Другото”, ремек дело на Дарко Димитров и Александар Ристовски Принц веднаш стана голем хит во Македонија.
Неодамна, на социјалните мрежи пејачката емотивно се потсети на девојчето пред 20 години. Имено, таа објави фотографии од почетокот на нејзината музичка кариера под кои напиша:
На овој ден, или точно пред 20 години откако ,,девојчето со чорапчињата’’ победи на аУдицијата ‘’М2 продукција, основана од Иво Јанкоски и Дарко Димитров.
На кои и денес сум им благодарна за шансата која ми ја дадоа да започнам своја музичка кариера и да може публиката да ме чуе и запознае. Од 2000 кандидати успеав да влезам во 100-те финалисти пеејќи песна од мојата другарка Каролина Гочева’’, емотивно се присети пејачката.
Ристеска се заблагодари на своите фанови и обожаватели, па напиша:
,,Најдрагото нешто ми е што стекнав свои обожаватели, кои и ден денес се тука за мене. А благодарение на Бог кој ми го дал гласот, јас 20 години за нив пеам и постојам”.
Се потсети на поддршката од нејзините наблиски, семејството, роднините…
,,Паметам и ден денес дека моите не знаеја дека сум пријавена на некаква аудиција, единствено сестра ми која ми е и ден денес најголема поддршка. Кога дознаа дека сум влегла во 100те полуфиналисти татко ми ми рече: ,,Елена, тој свет е подмолен и се’ е наместено, немој да се разочараш. Јас му одговорив: ,,Тато, само сакам да си докажам на себе дека можам, не ми е важно ништо повеќе’’, се потсети Елена.
Пејачката е доста активна на социјалните мрежи, а во една од нејзините последни објави напиша:
,,Мој Дани, моја константа, лојалност каква веќе не постои, професионалност од која можат сите да учат, креативност и иновативност на нивото на светските стилисти, а најважното ЧОВЕК каков што не се раѓа секој ден! Добрина каква веќе нема меѓу луѓето.
Фото:Инстаграм/Елена Ристеска
Имено, пејачката објави заедничка фотографија со важна личност во нејзиниот живот за кого во повќе наврати има само најубави зборови.
Станува збор за нејзиниот стилист Даниел Николовски кој е доста познат во неговата бранша а со Елена Ристеска соработува долги години и ја средува за нејзините настапи и концери.
Елена на македонската музичка сцена успешно опстојува долги години и може да се пофали со многу богата кариера.
Може да се каже дека најголемиот успех во нејзината музичка кариера е победата на македонскиот „Избор на песна за Евровизија“ со песната „Нинанајна“ во 2006 година кога ја претставуваше Македонија на финалниот избор на „Евросонг 2006“ во Атина, Грција.