Кафе муабет

Не крие дека тој е посебен, јавно призна дека љубовта им цвета: Мустафа Сандал пресреќен

Емина и Мустафа останаа во добри односи...

По разводот од турскиот музичар Мустафа Сандал, Емина Јаховиќ зборуваше само најдобро за својот поранешен избраник.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Поранешните емотивни партнери се договориле заедно да ги воспитуваат синовите на Јаман и Јавуз, поради нив продолжиле да се гледаат, а заедно ги прославувале и родендените на наследниците.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Во неколку наврати јавноста мислеше дека музичкиот пар ќе се помири, за жал, сценариото беше сосема поинакво.

фото инстаграм/Мустафа Сандал

Имено, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ престанал да ги плаќа законските обврски во вид на алиментација, а поп ѕвездата поради тоа го даде на суд. Многу се пишуваше и зборуваше, а се веруваше дека промената во однесувањето на Турчинот настанала затоа што тој се заљубил и целосно и се посветил на својата нова девојка со која набрзо застана пред матичар.

фото инстаграм/Мустафа Сандал

Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ и неговата нова избраничка Мелис Сутсуруп веќе некое време уживаат во љубовта.

Фото Инстаграм/ Мелис Сутсуруп

Дека многу се сакаат сведочат и фотографиите кои секојдневно ги објавуваат на социјалните мрежи, но и објавите и љубовните пораки.

Фото Инстаграм/ Мелис Сутсуруп

Последна во низата фотографии е роденденската честитка која Мелис му ја посвети на Мустафа и на неа пишува:

Фото Инстаграм/ Мелис Сутсуруп

– Ти благодарам за денот кога се роди, драг мој сопруг. Ти си многу посебна личност. Мило ми е што си мој сопатник. Среќен роденден – напиша таа и сподели неколку заеднички фотографии.

Фото Инстаграм/ Мелис Сутсуруп

Неспорно е дека Сандал ужива во вториот брак  дека неговата нова сопруга го прави среќен, но за жал Емина се уште не ја пронашла среќата покрај друг маж.

Фото Инстаграм/ Мелис Сутсуруп

Таа тврди дека за се е виновен Сатурн, а еве што кажа за поранешниот и неговата емотивна партнерка:

Фото Инстаграм/ Мелис Сутсуруп

– Моментално не сум во долга врска, ова никогаш не ми се случило. Сатурн е виновен. Тоа не значи дека никој не ми се додворува. Скоро приватно се случи мојот поранешен сопруг да се ожени, јас требаше да бидам таа што ќе им посвети повеќе време на децата. Навистина му посакувам многу среќа, тој секогаш ќе ми биде пријател и татко на моите деца, но да се фрлев и јас на забава, децата ќе беа запоставени. Кога ќе се заљубам, знам да се лизнам, па се контролирам. Сакам да им се посветам. Останатото ќе си дојде природно. Чудно ми е што помина толку време, се надевам дека и јас ќе најдам сродна душа – изјави неодамна Јаховиќ.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close