Дом и семејство
Некогаш најубава жена во Југославија а денес сопруга на шеикот Саид бин Драи- Јелена сподели празнични фотографии, погледнете како изгледа по рагањето на четири деца
Таа ужива во луксузен живот...
Поранешната манекенка и мис на Југославија, Јелена бин Драи вистинската љубов ја нашла кај арапскиот шеик Саид бин Драи, со кој основала семејство во Дубаи и му подарила дури четири деца.
Оваа убавица од малото гратче Жабаљ во Војводина пред повеќе од две децении ја освои титулата за најубава Југословенка, а денес покрај семејството кое го става на прво место е и многу успешна деловна жена.
Иако одамна не е присутна во медиумите, а одамна не е активна на социјалните мрежи, гламурот во кој живее кај многумина ја буди љубопитноста, а изгледот на Јелена Бин Драи е тема која постојано се коментира.
Иако ужива во богатството и раскошот, некогаш најубавата жена на Југославија никогаш не давала приоритет на материјалните работи и изгледа дека останала истата девојка која својот пат до славата го започнала од мал град во Србија.
Покрај скромноста, таа до ден денес остана верна на својот стил, а ја задржа и својата природна убавина со која може да се пофали.
Изгледот на Јелена Бин Драи и по четири породувања е на завидно ниво, а витката фигура по која отсекогаш била препознатлива ја има и денес.
Бидејќи немаме често можност да видиме како изгледа, фотографиите кои се појавија на профилот на нејзината пријателка на „Инстаграм“ по повод новогодишните и божиќните празници сведочат дека таа се грижи за себе, но многумина забележаа дека таа многу ослабе од последното нејзиното појавување во јавноста.
Сепак, комплиментите за нејзината природна убавина и младешкиот изглед се неизбежни во случајот на оваа дама која со години не подлегнува на трендовите на естетската медицина и, како што тврди, не се подложила на такви зафати, па дури и ретко може да ја видиме нашминкана.
Јелена еднаш истакна дека нејзиниот типичен ден изгледа како и на речиси секоја друга мајка. Кога станува, ги носи децата на училиште и градинка, ги извршува деловните обврски по еден час во секоја компанија што ја поседува, потоа ги зема децата, оди дома каде што се одмара, си игра со деца, плива, чита, гледа телевизија, оди на социјални настани или излегува со нејзиниот сопруг.
Таа вели дека воспитувањето на нејзините деца било исклучително лесно со домашна помошничка и дека благодарение на неа успеала да си го врати нормалниот животен ритам.
Во една прилика Јелена истакна дека нејзина желба, е да им укаже на жените дека можат се, но дека не мораат, меѓу другото мислејќи на жените кои се одлучуваат за филери и фотошоп.
– Кога се образувате, ги воспитувате и вашите деца. Ниту една девојка од насловната не изгледа како девојката од насловната, напиша Јелена споделувајќи фотографии на кои е нашминкана и без грам шминка.
Некогашната најубава жена на Југославија не сака естетски зафати. Тврди дека ги сака брчките кои ги има и дека сака достоинствено да остаре. Користи квалитетни креми, се храни здраво, се труди доволно да спие, а за нејзиниот изглед е заслужна генетиката и добриот сопруг.