Кафе муабет
Наследничка на империјата „Пинк“ објави шокантна порака и соопшти дека ставила крај на врската со младиот бизнисмен
Повеќе не се заедно...
Јавноста го запозна бизнисменот Илија, кој ја запроси Кристина, откако ја обелоденија нивната љубовна врска.
Имено тој е наследник на семејна компанија која произведува ураниум, па често се слуша дека тој е всушност наследник на кралот на ураниумот.
Семејството на Илија е едно од најуспешните во светот кога е во прашање ураниумот.
Илија има сопствен бизнис, кој го води во Лондон, каде што живее, но и во Обединетите Арапски Емирати.
Има сопствен приватен авион, обезбедување, возачи, како и голем број скапи автомобили кои ги менува речиси секојдневно.
Тој и Кристина се запознале за време на нивното школување во Англија, а Илија бил еден од најдобрите студенти, а се истакнува затоа што знае многу странски јазици.
Но пред неколку дена во медиумите како бомба одекна веста дека Кристина, ќерката на Милица и Жељко Митровиќ ја раскинала веридбата со милијардерот Илија, наследникот на кралот на ураниумот.
Дваесет и две годишната наследничка на империјата „Пинк“ на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм ги избриша сите фотографии со младиот Украинец, а сега се огласи со интимна порака и многумина побрзаа со заклучокот дека тоа е одговор на сите случувања.
– Бог ви открива одредени работи со причина. Не го игнорирајте она што ви го покажува. Навистина сум најсреќната девојка на светот – напишала Кристина.
Иако многумина очекуваа гала свадба сепак наследничката на Жељко Митровиќ реши да стави крај на врската со Илија.
Пред неколку дена и тој на својот официјален Инстаграм профил објави фотографија на која му се заблагодарува на Бог за лекциите кои ги научил, а многумина помислија дека тоа се однесува на врската со Кристина.
– Боже, ти благодарам за лекциите. Не можев да бидам поблагодарен. Доста е доста е. Време е да продолжам понатаму и да ги остварам моите цели за 2023 година – напиша Илија.