Кафе муабет
Ѕирнете во луксузниот дом на омилениот турски пар: Вистински рај, секој би им подзавидел (ФОТО)
Тие се хармонично семејство...
Откако во 2006 година се појавија на малите екрани како пар во серијата „Илјада и една ноќ“, а потоа ја започнаа истата љубовна приказна во реалниот живот, турската актерска двојка Бергузар Корел и Халит Ергенч се едeн од омилените парови во Турција.
Она што некогаш беа Анџелина и Бред во Холивуд, може да се каже дека се овие сопружници во Турција.
Љубовта ја легализираа во 2009 година, а круна на нивната долгогодишна љубов се синовите Али, Хан и ќерката Лејла.
Бергузар често пати споделува моменти од семејниот дом со своите следбеници преку Инстаграм.
По фотографиите можеме да забележиме дека пастелните нијанси и дрвото се она што преовладуваат во овој ентериер и му даваат чувство на топлина и удобност.
Централниот дел од дневната соба е зафатен од масивна витрина со семејни фотографии и мали предмети со прекрасни спомени, а кујната е збогатена со мал апарат за домаќинство што значи живот – кафемат.
Делот од домот што најмногу покажува како живее едно семејство со мали деца, секако е аголот со играчки.
Инаку парот има и стан во Лондон. Многумина мислеа дека омилените актери ќе ја напуштат Турција и ќе заминат во англиската престолнина но сепак тие ги демантираа овие гласини и Шехерезад потврди дека живеат на релација Турција-Лондон но дека нема да се преселат.
Домот на Бергузар Корел во Лондон е сосема поинаков од оној во кој парот живее во Турција.
Кога се роди малата Лејла, ќерката на популарната Шехерезад и Онур, двојката реши малку поинаку да го украси својот дом во главниот град на Англија, за да тоа биде катче во кое подеднакво ќе уживаат сите членови на семејството.
Бергузар на социјалните мрежи им открила на своите придружници дел од дневната соба, како и неколку детали во станот, а фановите не останаа рамнодушни на глетката. Гледајќи ги претходните фотографии од домот во Турција и споредувајќи ги со сегашниот дом во Лондон, се добива впечаток дека актерката е талентирана за внатрешен дизајн, бидејќи секој агол е уреден според нејзината визија.